Повеќегодишен лен () — цветно растение од семејството на леновите (Linaceae) домородно присутен во Европа, претежно на Алпите. Во Македонија е застапен со два подвида. Присутен е и на места во Англија. Внесен е во Северна Америка, каде расте по планинските сртови, шумовитите предели и на песокливи низини на пелиновата степа.
Ова е тенко тревесто повеќегодишно растение што достигнува висина од 90 см и има прилично дрвенест коренов врат, со јаки неразгранети стебла и бројни спирално распоредени листови со тесен копјест облик, долги 1–2,5 см. Цветовите се сини, со пречник од 2,5–5 см и имаат по пет венечни ливчиња. Ако стеблото се поткрши, цветовите паѓаат.
Растенијата во Англија му припаѓаат на подвидот Linum perenne subsp. anglicum, а оние на Алпите се Linum perenne subsp. alpinum. Сличниот северноамерикански вид Луисов лен (Linum lewisii) понекогаш се смета за подвид на повеќегодишниот лен.
Во Македонија Во Македонија повеќегодишниот лен е присутен со два подвида: subsp. perenne и subsp. extraaxillare. Расте по ридските и планински пасишта и покрај шумските патчиња на висина до 1.800 м.
subsp. perenne Подвидот perenne се одликува по тоа што стеблените листови имаат една жила. Познат е за Делчево — покрај стариот пат за Кочани; Крива Паланка — Осоговски манастир (С. Ицевски); Кичево — над с. Кнежино; пл. Кожуф — Висока Чука.
subsp. extraaxillare Подвидот extraaxillare се одликува по тоа што стеблените листови имаат две жили. Познат е за Шар Планина — Мал Јелак; пл. Бистра — на врвот Меденица.
Одгледување Позната градинарска сорта на повеќегодишниот лен е „Blue Sapphire“.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Лен (род) Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Алпите Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј