Huperzia selago ― васкуларно растение од семејството Lycopodiaceae. Ова растение е мало, цврсто, круто и исправено, густо лиснато, зимзелено, повеќегодишно. Спорите се произведуваат од јуни до септември (на северната хемисфера).Piirainen, Mikko; Piirainen, Pirkko; Vainio, Hannele (1999). Kotimaan luonnonkasvit [Native wild plants] (in Finnish). Porvoo: WSOY. p. 14.

Таксономија Првпат е опишан во 1753 година од Карл Линеј како Lycopodium selago, а во 1829 година е прераспределен во родот Huperzia од Јохан Јакоб Бернхарди.

Опис Дихотомното стебло на растението е 5-20 см, а гранките се со иста должина една со друга. Листовите се густо спирални, рамни и игличести, долги 4-8 мм. Спорангиите се во основата на листовите на врвот на изданокот. Често има луковици во лисните оски.

Распространетост и живеалиште Ова растение се наоѓа во северните делови на Северна Америка, Европа и Азија, а расте и во Македонија. Се наоѓа во песочни јами, ровови, покрај бреговите на езерата, и во четинарски мочуришта. Во североисточниот дел на САД, се наоѓа во бореално живеалиште, но не и во алпските зони.

Во Европа, неговиот опсег се протега од Шпицбершките Острови до планините на северна Шпанија и Италија, и од Британските Острови на исток преку централна Азија до полуостровот Камчатка, Јапонија, Алеутските Острови, Северна Америка, Гренланд, Исланд и Фарските Острови.

Во Македонија е познато за Ниџе, Кајмакчалан, а се посочува и за Јакупица, Шар Планина, Осогово и Јабланица.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 41, МАНУ, Скопје, 1985

Употреба Индијанците од Горна Танана го користеле целото растение во облога што се нанесувала на главата против главоболки.

Во финската традиционална медицина ова растение се користи како лек против рахитис.

Ова е токсично растение, кое содржи алкалоид ликоподиум, се користи како средство за повраќање и лек против ларви во финската традиционална медицина.

Наводи

Надворешни врски

Huperzia selago на Plant-identification.co.uk архивирано Huperzia selago; Слики и податоци за појава на GBIF

Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Флора на Азија Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Северна Америка Категорија:Флора на Македонија