Галерија на виното — тематски дел од Музејот на градот Неготино посветен на винарството и лозарството. Галеријата е прва од ваков вид во Македонија и е изградена со финансиски средства на општината Неготино и Фондацијата Институт отворено општество – Македонија.

Местоположба Галеријата на виното која е сместена е во комплексот на Неготинскиот манастир.

Намена и опфат Основната намена на објектот е заштита на културно–историското наследство со посебна нагласка на заштитата на артефактите поврзани со лозарството и винарството, како основен белег на ова поднебје.

Галеријата располага со голем број на археолошки наоди и етнолошки предмети поврзани со лозарството и винарството.

Покрај основната, Галеријата на виното има и посебна намена, манифестирана во изложбено–продажниот дел кој ги содржи најквалитетните сортни вина, произведени во македонските познати винарници.

Поврзано Музеј на град Неготино Неготински манастир

Наводи

Категорија:Музеи во Македонија Категорија:Неготино Категорија:Музеи на виното