Хи-Мен и Господарите на вселената () — анимирана серија создадена во 1983 г. од студиото Filmation во САД. Снимени се вкупно 130 епизоди, а серијата се прикажувала во две сезони, од 1983 до 1985 г. Во 1987 г. бил објавен долгометражен игран филм, а во 2002 г. и ажурирана анимирана серија со истото име и истите ликови.
Хи-Мен е измислен јунак од франшизата Господари на вселената, создаден од американската компанија Mattel, позната и како производител на куклата Барби.
Серијата била прикажувана и во Македонија, со македонска синхронизација.
Содржина Изворната анимирана серија на студиото Filmation се заснова на серијата играчки на Mattel, насловена „Господари на вселената“.
Коварниот волшебник Скелетор и неговите Воини на злото се обидуваат да ја освојат планетата Етернија, да го заземат замокот Сивиот череп и да ги откријат неговите тајни. На нивниот пат им стојат бранителите на планетата, предводени од јунакот Хи-Мен, алтер-егото на принцот Адам, неговиот верен пријател Борбениот Мачор (алтер-его на Кринџер), капетанот на кралската гарда Тила, мајсторот за оружје Војникот, Волшебничката од замокот Сивиот череп и малиот, но добронамерен волшебник Орко од планетата Трола. Орко честопати е извор на комични ситуации поради својата непредвидлива магија, но е еден од ретките што го знае вистинскиот идентитет на Хи-Мен. Во одредени епизоди Скелетор и неговите приврзаници не се појавуваат, а на Хи-Мен му се спротивставуваат други злобници.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Анимирани телевизиски серии