Лајл Брент Фостер (роден на 3 септември 2000 година во Карлтонвил) — јужноафрикански фудбалер, напаѓач на и на јужноафриканската репрезентација.

Клупска кариера Фостер израснал во младинскиот сектор на Орландо Пајретс, за кој гои имал своето деби за првиот тим на 15 септември 2017 година за време на натпреварот од Јужноафриканскиот куп, кој завршил нерешено 0-0 против Марицбург Јунајтед. На 22 јануари 2018 година, тој го постигнал својот прв гол за Орландо Пајретс во ремито 1–1 против Полокване Сити.

Во јануари 2019 година, тој потпишал за Монако, договор во трајност до јуни 2023 година. Откако најпрво играл во резервниот тим, на почетокот на следната сезона, тој го направил своето деби за првиот тим, започнувајќи го натпреварот од Лига 1 против Олимпик Лион загубен со 0-3.

На 30 август 2019 година, Фостер се приклучил на сојузничкиот клуб на Монако Серкл Бриж во Белгија на позајмица до крајот на сезоната.

На 13 август 2020 година, Фостер се приклучил на Виторија Гимараеш во трансфер вреден 1,2 милиони евра. Откако не добил голема минутажа во Португалија, во 2021 година, тој се вратил во Белгија каде му се приклучил на Вестерло, на позајмица до крајот на сезоната со опција за откуп. На 20 ноември 2011, тој постигнал два гола и забележал една асистенција во победата со 1-5 над .

Во летото 2022 година, Фостер се преселил во Вестерло на трајна основа и потпишал четиригодишен договор со клубот. Во сезоната 2022-2023, Фостер одиграл 21 натпревар и постигнал 8 гола во белгиското првенство до крајот на јануари, кога го напуштил клубот. Во моментот на заминувањето, тој бил најдобар стрелец на клубот.

Во јануари 2023 година, Фостер потпишал договор на четири и пол години со англискиот клуб од Чемпионшип лигата, Барнли. Вредноста на трасферот изнесувала околу 7 милиони евра, рекорд за јужноафрикански играч, која се искачила на 10 милиони евра откако „Кларетс“ си обезбедиле пласман во Премиер лигата на крајот од сезоната, достигнување за кое Фостер придонел со 11 настапи и еден постигнат гол во победата со 3-0 на домашен терен над Виган Атлетик. Следната сезона, во Премиер лигата, тој одиграл 24 натпревари и постигнал 5 гола, но неговиот тим на крајот од сезоната испаднал во Чемпионшип. Неговиот прв гол во Премиер лигата, дошол на 27 август 2023, во поразот со 1-3 на Трф Мор од Астон Вила.

На 26 октомври 2023 година, Фостер потпишал нов петгодишен договор со Барнли. Во ноември 2023 година, тој бил исклучен од тимот на неопределено време поради повторна појава на проблем со менталното здравје. Тој се вратил на терените по двомесечна пауза, за време на натпреварот против Евертон, и потоа постигнал гол во последниот натпревар за сезоната против Астон Вила.

Репрезентативна кариера На 3 јуни 2018 година, тој го имал своето деби за јужноафриканската репрезентација во натпреварот од КОСАФА купот против Мадагаскар, загубен на пенали.

Својот прв гол за репрезентацијата го постигнал на 9 јуни 2022, во поразот со 2-1 од во Рабат, во натпревар од квалификациите за Африканскиот куп на нации 2023.

Во 2025 година, бил повикан во репрезентацијата за Африканскиот куп на нации, а една година подоцна и за Светското првенство 2026.

Хронологија на репрезентативните настапи

Титули Барнли Чемпионшип : 1 2022-2023

Наводи

Надворешни врски

Лајл Фостер на soccerway Лајл Фостер на transfermakt Лајл Фостер на espn Лајл Фостер на whoscored

Категорија:Живи луѓе Категорија:Јужноафрикански фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Монако Категорија:Фудбалери на ФК Серкл Бриж Категорија:Фудбалери на ФК Виторија Гимараеш Категорија:Фудбалери на ФК Вестерло Категорија:Фудбалери на ФК Барнли Категорија:Родени во 2000 година Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026