Британија () — персонифициран симбол на Обединетото Кралство и поранешна римско-британска божица. Таа е претставена како млада жена што носи коринтски шлем, а во рацете држи грбен штит и тризабец. Ликот на Британија се појавил за време на римските цареви и бил користен на монетите на Адријан (117 — 138) и Антонин Пиј.

Латинизираниот поим „Britannia“, познат уште од античките времиња, е име кое се однесувало како на Британските Острови или самиот остров Велика Британија, така и на римската провинција Британија за време на Римското Царство. Божицата се прикажува како фигура на жена, која лежи или седи, со копје и штит во рацете. За првпат се појавила на римски монети во II век од нашата ера, а како класична национална алегорија се возродила во периодот на раниот нов век. На монетите од фунта стерлин издадени за време на Чарлс II, Британија држи штит на кој е прикажано знамето „Јунион Џек“. Со цел да се симболизираат победите на Кралската морнарица, копјето во рацете на Британија во 1797 г. било заменето со тризабец, а во 1825 г. на монетите бил додаден и шлем.

Кон I век пред нашата ера, зборот „Британија“ го заменил „Албион“ како преовладувачко латинско име за островот Велика Британија. По римското освојување во 43 г. од нашата ера, поимот почнал да ја означува и римската провинција, која ги опфаќала јужните две третини од островот. Останатиот дел од островот, познат на Римјаните како Каледонија, се наоѓал северно од реката Форт во денешна Шкотска и бил само привремено окупиран од римската војска. Името претставува латинизиран облик на општобританското означување за Велика Британија, Pretanī, од кој произлегол и грчкиот облик Prettanike или Brettaniai.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Britannia on British coins and medals

Категорија:Римски божици Категорија:Британија (римска провинција) Категорија:Национални персонификации Категорија:Британска култура