Уго Брос (роден на 10 април 1952 година, во Хумбек) — белгиски фудбалски тренер и поранешен фудбалер, играч од одбраната. Во моментов ја води репрезентацијата на Јужна Африка.

Клупска кариера Тој ја започнал својата фудбалска кариера во неговиот роден град Хумбек, играјќи за локалниот тим КФЦ Хумбек каде бил откриен на рана возраст од осумнаесет години од скаут на Андерлехт. Своето деби за клубот го направил во сезоната 1970-1971, и оттогаш станува легенда на Андерлехт. Во следните 13 сезони, колку што го носел дресот на клубот, тој одиграл преку 450 натпревари во една од најсилните ери во историјата на клубот освојувајќи со него три белгиски првенства, четири Купа на Белгија, два Лига купа на Белгија, два Купа на победниците на куповите, еден Куп на УЕФА и два Суперкупа на УЕФА.

Во 1983 година, Брос го напуштил Андерлехт и потпишал за Клуб Бриж. Таму одиграл пет сезони, сè до сезоната 1987-1988, која била последната во неговата играчка кариера. Во овој период, тој му помогнал на својот тим да го освои Купот на Белгија во сезоната 1985-1986 и првенството во неговата последна сезона, по што ја завршил професионална играчка кариера во 1988 година. Club Brugge website – Broos bio

Репрезентативна кариера

Своето деби за белгиската репрезентација, Брос го направил на 13 март 1974 година, во пријателски натпревар против во Берлин, загубен со 1-0.

Потоа, тој земал учество во многу од натпреварите во квалификациите за Европското првенство 1976 и Светското првенство 1978, турнири на кои Белгија сепак не успеала да се квалификува. Потоа, поради повреда, тој го пропуштил Европското првенство 1980 и подолго време бил надвор од составот на репрезентацијата, пред да го направи своето враќање во 1985 година. Откако одиграл одлично во баражот за Светското првенство 1986 против и помогнал Белгија да се квалификува за „Мундијалот во Мексико“, тој бил избран и во конечниот список од 22 играчи кои биле пријавени да настапат на турнирот.

На Светското првенство 1986, на кое Белгија стигнала дури до полуфиналето и на крајот го освоила четвртото место, Брос одиграл три натпревари. Тој бил стартер и ги одиграл комплетно натпреварите од групната фаза против домаќинот (пораз 2-1) и (2-2). Неговиот последен настап на турнирот, а воедно и за белгиската репрезентација, бил во четвртфиналето против , каде влегол од клупата во 82-рата минута и го погодил својот удар од белата точка во победата по изведување на пенали.

Хронологија на репрезентативните настапи

Тренерска кариера Својата тренерска кариера Брос ја започнал во екипата на РВД Моленбек во својата татковина во 1988 година. Таму работел три години до 1991 година, испаѓајќи од Првата дивизија во својата прва сезона, за потоа да избори промоција во Втората дивизија во следната сезона и да му донесе на клубот експресно враќање во највисоката дивизија на земјата. Во 1991 година, тој бил назначен за тренер на Клуб Бриж. Во клубот, во кој што поминал пет години како играч, се задржал до 1998 година, освојувајќи го првенството двапати во сезоните 1991-1992 (неговата прва на чело на клубот) и 1995-1996. Тој, исто така, го освоил и Купот на Белгија во 1991, 1995 и 1996 година. Потоа, од 2002 до 2005 година го тренирал Андерлехт. Тој го однел тимот во Лигата на шампионите во првата сезона, а потоа го освоил првенството во сезоната 2003–2004. Следната сезона 2004-2005 била неговата последна во Андерлехт; откако тимот бил елиминиран од Лигата на шампионите и од Купот на Белгија, по ремито 0-0 против Гент, Брос бил отпуштен за прв пат во својата кариера. Подоцна истата година, во јуни, тој станал тренер на Генк и му вратил на Андерлехт на 30 септември победувајќи го со 4-1. Во текот на сезоната 2007-2008, Брос го напуштил Генк.

Додека работел како тренер во Белгија, Брос ја освоил престижната награда за Белгиски тренер на годината четири пати во својата кариера, двапати додека бил тренер на Клуб Бриж (1992 и 1996), и по еднаш со Андерлехт во 2004 и со Генк во 2007 година.

На 15 декември 2008 година, Брос бил назначен за тренер на грчкиот клуб, Пансераикос, каде за прв пат во својата кариера тренирал клуб надвор од својата татковина. Пансераикос имал добра сезона во Купот на Грција, елиминирајќи го во четвртфиналето, но загубиле потоа од АЕК во полуфиналето. На крајот од сезоната, Пансераикос не можел да го избегне испаѓањето од Суперлигата на Грција. Брос потоа го напуштил Пансераикос за да стане нов тренер на Трабзонспор на 22 јуни 2009 година. Сепак, во Турција не се задржал долго и бил отпуштен на 22 ноември 2009 година.

Во октомври 2010 година, тој се вратил во Белгија каде седнал на клупата на Зулте Варегем. По завршувањето на сезоната во која клубот го освоил 11-тото место, тој си заминал за да му стане асистент на неговиот некогашен соиграч од Андерлехт и репрезентацијата на Белгија, Франки Веркаутерен, во екипата на Ал Џазира од ОАЕ, каде работел само една година. Во 2014 и 2015 година, тој работел како тренер во две алжирски екипи ЈС Кабилија и Хусеин Деј, но без позабележителни успеси.

Во февруари 2016 година, тој бил назначен за селектор на репрезентацијата на Камерун. Неговата прва задача била да го квалификува Камерун на Африканскиот куп на нации 2017 во Габон. Откако успеал да ја исполни мисијата, тој ја водел репрезентацијата и на самото континентално натпреварување. Забележувајќи една победа и два нерешени резултата во групната фаза, му овозможиле на Камерун да мине во четвртфиналето каде на пенали (откако натпреварот завршил 0-0) го елиминирале . Во полуфиналето камерунците ја победиле со 2-0, додека со победата од 2-1 во финалето над , Брос му ја донел на Камерун петтата титула на Африканскиот куп на нации во историјата на репрезентацијата.

И покрај овој успех, тој набрзо потоа бил отпуштен од селекторската фунција во Камерун, поради неуспехот да ја квалификува репрезентацијата на Светското првенство 2018 во Русија. Во 2019 година, тој бил назначен за привремен тренер на Остенде. На 5 мај 2021 година, тој бил назначен за селектор на репрезентацијата на Јужна Африка. По успешно минатите квалификации, Брос ја предводел Јужна Африка на Африканскиот куп на нации 2023, каде што репрезентацијата го освоила третото место. Под неговото водство репрезентацијата се квалификувала и за Африканскиот куп на нации 2025, каде што испаднала во осминафиналето од поранешната репрезентација на Брос, Камерун. На 14 октомври 2025, тој со Јужна Африка го освоил првото место во својата квалификациска група, пред фаворитот , што и овозможило на репрезентацијата да се квалификува за Светското првенство 2026, нивното прво после 2010 кога биле домаќини.

Титули

Играч Андерлехт Белгиско првенство : 3 1971-1972, 1973-1974, 1980-1981 Куп на Белгија : 4 1971-1972, 1972-1973, 1974-1975, 1975-1976 Лига куп на Белгија : 2 1973, 1974 Куп на УЕФА : 1 1982-1983 Куп на победниците на куповите : 2 1975-1976, 1977-1978 Суперкуп на Европа : 2 1976, 1978

Клуб Бриж Белгиско првенство : 1 1987-1988 Куп на Белгија : 1 1985-1986 Суперкуп на Белгија : 1 1986

Тренер РВД Моленбек Втора дивизија на Белгија : 1 1989-1990

Клуб Бриж Белгиско првенство : 2 1991-1992, 1995-1996 Куп на Белгија : 2 1994-1995, 1995-1996 Суперкуп на Белгија : 4 1991, 1992, 1994, 1996

Андерлехт Белгиско првенство : 1 2003-2004

Камерун Африкански куп на нации : 1 Габон 2017

Наводи

Надворешни врски

Уго Брос на soccerway Уго Брос на transfermarkt Уго Брос на espn Уго Брос на worldfootball.net

Категорија:Белгиски фудбалери Категорија:Белгиски фудбалски тренери Категорија:Фудбалери на ФК Андерлехт Категорија:Фудбалери на ФК Клуб Бриж Категорија:Тренери на ФК Клуб Бриж Категорија:Тренери на ФК Андерлехт Категорија:Тренери на ФК Генк Категорија:Тренери на ФК Трабзонспор Категорија:Селектори на фудбалската репрезентација на Камерун Категорија:Селектори на фудбалската репрезентација на Јужна Африка Категорија:Родени во 1952 година