Жолтеникавобел жедник или жолтеникавобел карпожедник (, syn. Sedum ochroleucum) — вид цветно тревесто растение кое некогаш припаѓало на родот жедник (Sedum), но денес е вклучено во родот карпожедник (Petrosedum) од семејството на дебелците (Crassulaceae). Видот е широко распространет во Франција, Швајцарија, Апенинскиот и Балканскиот Полуостров.
Опис и распространетост Ова е повеќегодишно голо растение, со хоризонтален разгранет ризом, од кој излегуваат исправени цветни стебла и бројни кратки стерилни гранчиња, обраснати со густи листови. Листовите се тесни и цилиндрични, сиво-зелени, делумно распоредени, со остар врв, а при основата имаат кратко тапо шпоровидно продолжение, најчесто белузлаво. Цветните стебла достигнуваат висина од 15-25 см. Цветовите се составени од 5-8 делови, приседнати, собрани во неколку кратки цимозни соцветија на врвот на стеблото, наредени во една линија и создаваат едно густо соцветие. Ливчињата на чашката се долги 5-7 мм, триаглести до копјести, завршуваат остро и се покриени со жлездести влакна. Венечните листови се кремови, долги 7-10 мм, тесно копјести, двојно подолги од чашките и завршуваат со остар врв. Прашниците се двапати побројни од венечните листови, со кремови и голи филаменти. Мешунчињата се жолтозелени, без влакна, исправени и завршуваат со долг остар врв.
Расте на каменливи терени во брдски и планински области, до височина од 2200 метри. Во Македонија овој вид е широко распространет. Галерија
Наводи
Категорија:Карпожедник Категорија:Флора на Швајцарија Категорија:Флора на Турција Категорија:Флора на Албанија Категорија:Флора на Франција Категорија:Флора на Бугарија Категорија:Флора на Романија Категорија:Флора на Грција Категорија:Флора на Хрватска Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа