Црвеникав жедник () — вид едногодишно тревесто растение кое припаѓа на родот жедник (Sedum) од семејството дебелци (Crassulaceae). Видот за првпат е опишан од шведскиот ботаничар Карл Линеј во 1753 година.

Опис и распространетост Ова е цветно растение високо 5-15 см. Стеблото му е покриено со жлезди и влакна, најчесто црвено, исправено, во горниот дел разгрането, со листови распоредени спирално по целата должина. Листовите се зелени или црвенкави, месести, долги 10-20 мм, тесни и полуцилиндрични, со тап врв и кратко тапо шпоровидно продолжение при основата. Цветовите се петчлени, приседнати или со кратки дршки, собрани во неколку цимозни гранчиња со долги прицветни листови, сите насочени на една страна; дршките имаат ретки жлездести влакна. Ливчињата на чашката се широко триаглести, долги 1-1,2 мм, со тап врв, зелени, а понекогаш розови по рабовите или целосно розови. Венечните листови се долги околу 5 мм, копјести, постепено се стеснуваат во долг остар врв, розови или светлорозови, со потемни розови или црвени средни жили и ретки жлезди по средината. Прашниците се најчесто 5, понекогаш 10; дршките им се тенки, кончести и светлорозови, а прашниците по цветањето стануваат црвено-виолетови. Мешунчињата се распоредени ѕвездесто, кон врвот остро завршуваат, површината им е покриена со густи папилозни жлезди и ретки жлездести влакна. Столпчињата се издолжени.

Расте на песочни терени, каменливи места и брдски пасишта до 900 метри надморска височина. Во Македонија овој вид во е широко распространет. Галерија

Наводи

Категорија:Жедник Категорија:Флора на Малта Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа Категорија:Видови опишани во 1753 година