мини|Христо Поп Антов Христо Поп Антов (с. Ваташа, Тиквешко, 16.05.1879 – Софија, 31.01.1964) – учител, револуционер, претседател на Тиквешкиот ОРК на МРО. Завршил педагошко училиште во Скопје (1899), а право во Швајцарија. Учителствувал во Кавадарци. Бил раководител на ОК на ТМОРО во Кавадарци. Прогонуван од османлиските власти, по Востанието се засолнил во Софија. Бил судија во Скадар (1910), а потоа адвокат во Софија.
Категорија:Дејци на ВМОРО