Phegopteris connectilis, е вид на клонална папрат која потекнува од шумите на северната полутопка.
Опис Phegopteris connectilis расте до висина од 10-50 см. Ова растение е пердувест лобусен, повеќегодишен птеридофит. Лисната дршка етенка и 1-2 пати подолга од должината на листот. Листот е донекаде хоризонтален и триаголен, пердувесто сложен во основата и пердувесто сече од таму. Листовите се тесни и пердувесто лобусни. Лобусите се тесни и влакнести одоздола. Најнискиот пар листови се насочени дијагонално нагоре. Спонгангиите на растението се наоѓаат на долната страна од листовите.
Овој вид е нормално апогамен, со број на хромозоми од n = 90 (триплоиден; "3n" = 90).
Живеалиште Phegopteris connectilis претпочита влажни живеалишта: бреговите на потоци, областите со извори, зимзелени мочуришта и еутрофни палудифицирани шуми од листопадни смреки. За разлика од неговиот близок роднина, Phegopteris hexagonoptera, кој е копнен, овој вид е често способен да расте во основата на карпите и во пукнатините на сеновити, влажни карпести ѕидови.
Растението бара соодветна исхрана и не сака кисела почва. Бидејќи сака засенчени живеалишта, не сака ниту места за сеча. Исто така е склоно кон мрзнење во такви области.
Во Македонија Во Македонија расте по влажни и засенчени места. Овој видо е познат единствено за планината Јакупица, покрај Кадина Река.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 54, МАНУ, Скопје, 1985
Хемија Фенолните соединенија 2,4,6-трихидроксибензоева киселина-4-O-2′,3′,4′,6′-тетраацетилглукозид; 2,4,6-трихидроксибензоева киселина-4-O-2′,3′,6′-триацетилглукозид; 2,4,6-трихидроксибензоева киселина-4-O-3′,4′,6′-триацетилглукозид; 3-Оп-кумароилшикимска киселина; 2-(транс-1,4-дихидрокси-2-циклохексенил)-5-хидрокси-7-метоксихромон; кемферол; и кемферол-3-O-β-d-глукозид може да се изолираат од метанолниот екстракт од лисјата на Phegopteris connectilis.Adam, Klaus-Peter (November 1999). "Phenolic constituents of the fern Phegopteris connectilis." Phytochemistry 52(5): 929–934,
Наводи
Надворешни врски
Профил на USDA PLANTS
Категорија:Флора на Северна Америка Категорија:Папрати Категорија:Флора на Македонија