Trifolium retusumZohary,M. & Heller,D., 1984 The Genus Trifolium. Jerusalem.Heywood,V.H. & Ball,P.W., 1968 Leguminosae.In:Flora Europaea Vol.2.ed.Tutin,T.G.et al.Roskov Yu.R., 2005 Editorial scrutiny: Northern Eurasia data Import (unpubl.)Bobrov,E.G., 1987 In: Flora Partis Europaeae URSS Vol. 6. Leningrad. (Rus.)Linnaeus,C.von, 1753 Demonstr.Pl. — едногодишен вид на детелина опишано од Карл Линеј. Според Каталогот на животот растението е вклучено во родот детелина и семејството бобови. Во Каталогот на живот не се наведени подвидови.
Опис Растението е едногодишно, без влакна, високо 10–20 см, со едно или повеќе стебленца кои израснуваат од базалните вертикални или приподигнати гранчиња. Листовите имаат дршки два до четири пати подолги од листната плочка. Листовите се обратнојајцевидни до елиптични, со заострен врв и ситно назабен раб. Запчињата завршуваат со кукесто свиткано шилесто врвче, а страничните жилки се благо закривени и завршуваат со слични шилести продолжетоци. Прилисниците се јајцевидно-копјести, ципести, бели, со зеленикав слободен дел кој постепено се стеснува во долг шилест врв.
Соцветијата се топчести, со пречник од 8–10 мм, составени од 15–20 цветови и се носат на тенки, линејно-копјести, шиловидни дршки. Кај соцветијата што се развиваат во долниот дел од растението, дршките достигнуваат должина до 20 мм, додека кај горните соцветија се значително покуси и речиси приседнати. Цветовите се долги околу 4 мм и се поставени на цветни дршки долги околу 1 мм. По прецветувањето, цветовите се спуштаат надолу. Чашката е долга околу 4 мм. Нејзиниот трубест дел има десет жили и е долг околу 1,2 мм. Горните запци на чашката се долги околу 2 мм, долните се покуси, тесно триаголно-копјести, со долг тенок заострен врв и благо странично раширени.
Венчето е розово. Барјачето е долго околу 4 мм и обично е долго колку чашката или малку пократко, додека крилцата и лаѓичката се долги околу 2,5 мм. Плодот е мешунка, поголема од чашката, која најчесто содржи две, а поретко едно семе.
Распространетост во Македонија Trifolium retusum расте по брдски пасишта на силикатна подлога на надморска височина до 1000 метри. Се среќава во Петровец и Катланово во Скопје, во селото Голик и Чашка во Велес, селата Амзабегово и Ерџелија во Свети Николе, во Штип и околината на Пробиштип, околината на Кратово, околината на Кочани, село Луково во Делчево и Македонска Каменица, Радовиш, селото Сушица во Струмица, Мариово, Маркови Кули и селата Загорани и Големо Коњари во Прилеп, Битола и Богданци. Според Борнмилер во 1925 година посочил дека се среќава и во село Морани во Скопје, и село Шелеверци во Прилеп. А според Стојаноф во 1928 година посочил дека растението се среќава и во поранешното село Кајали во Валандово.
Наводи Zohary,M. & Heller,D., 1984 The Genus Trifolium. Jerusalem. Heywood,V.H. & Ball,P.W., 1968 Leguminosae.In:Flora Europaea Vol.2.ed.Tutin,T.G.et al. Roskov Yu.R., 2005 Editorial scrutiny: Northern Eurasia data Import (unpubl.) Bobrov,E.G., 1987 In: Flora Partis Europaeae URSS Vol. 6. Leningrad. (Rus.) Linnaeus,C.von, 1753 Demonstr.Pl.
Надворешни врски
Категорија:Детелина Категорија:Флора на Македонија