Свети Архангел Михаил — помала селска црква во дримколското село Долна Белица, Македонија.

Местоположба

Црквата се наоѓа во полето, јужно од селото Долна Белица, на тромеѓето помеѓу селата Долна Белица, Враништа и Заграчани. Црквата е подигната на просторот на археолошкото наоѓалиште Арангел, каде што имало урнатини од црква.

Историја

Црквата била вандализирана во 2010 година, при што целосно бил демолиран дрвениот иконостас, а биле оштетени и сите ѕидови во црквата. Дури и лимениот покрив бил изваден, а металниот крст бил изваден и фрлен на земја.

Архитектура Фрескоживопис

Црквата не е живописана во внатрешноста.

Икони и иконостас

Црквата поседува мал дрвен иконостас во внатрешноста.

Поврзано Струшко архијерејско намесништво Четврта струшка парохија Долна Белица

Наводи

Долна Белица