Благородна Петрова Киркова ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.
Животопис Од есента 1941 година како ученичка раководела со младински воспитни групи во Велес. Чувала н пренесувала илегален материјал. Чувала борци од разбиениот Велешки партизански одред во крајот на 1942 година. Користена е како курир меѓу Велес и Скопје. Од јуни до септември 1943 година била во затвор, а потоа била интернирана во Борисовградско, Бугарија. каде останала до февруари 1944 година. Во август 1944 година била борец на партизанскиот одред „Трајче Петканоски“, а од септември во Осмата велешка бригада.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ