Euphorbia villosa е вид на повеќегодишно, тревесто растение од семејството млечки.
Опис Повеќегодишно тревесто растение, високо и крупно до 120 цм високо. Од ризомот се развиваат по неколку стебла заедно, кај кои во терминалниот дел се присутни неколку стерилни, пазувни гранчиња.
Листовите големи, елиптично-долгнавести, долгнавесто-копјести до елиптични 3-6 цм долги, 1,5-2,5 цм широки, на врвот обично заострени и со осилче, на долната страна се со погусти долги и меки влакна, на горната страна поретки, а кај најгорните листови горната страна може да биде и без влакна, по работ ситно напилени а во основата целокрајни. Листовите во основата на штиот долгнавесто-јајцевидни, тапи на врвот со кусо осилче, помали од зраците и не толку влакнести. Листовите во основата на штитчињата помали но пошироки и жолтеникаво-зелени, на врвот, тапи и со осилче. Штитот со 5 долги и јаки зраци, кои најнапред се разгрануваат трихотомно, а тие пак дихотомно. Пазувните зраци во помал број, обично 4-7.
Обвивката на циатумот 3,5-4 мм долга, тесно-ѕвонеста, гола, во внатрешноста влакнеста, на врвот скоро 1/3 всечена на 4 јазиковидни дела, со густи влакна по работ, жлездите широко-елиптични до бубреговидни.
Кутијката 4-6 мм долга, мазна или со брадавички, гола, влакнеста или волнеста.
Столпчињата околу 4мм долги, тенки во основата 1/4 сраснати а на врвот0,25 мм насечени на 2 дела.
Семките 2,5-3,2 мм долги, мазни, кафеави.
Хромозоми 2n=20.[Erich Oberdorfer: Pflanzensoziologische Exkursionsflora für Deutschland und angrenzende Gebiete. Unter Mitarbeit von Angelika Schwabe und Theo Müller. 8., stark überarbeitete und ergänzte Auflage. Eugen Ulmer, Stuttgart (Hohenheim) 2001, , p. 637
Euphorbia villosa потекнува од Европа. На Британските острови е идентификуван само во Англија, каде што изумрел во 1924 година.
Распространетост во Македонија Euphorbia villosa расте на влажни места, покрај реките, канали, јазови, блата и езера.
Наводи
Категорија:Млечка (растение) Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Македонија