Врколак () — претстоен готски филм на ужасите во режија на Роберт Егерс, кој го напишал сценариото заедно со Сјон. Главните улоги ги толкуваат Арон Тејлор-Џонсон, Вилем Дафо и Лили-Роуз Деп.
Премиерата на Врколак во САД е закажана за 25 декември 2026 г. во распределба на Focus Features, додека во Обединетото Кралство филмот ќе се појави на 1 јануари 2027 г. преку Universal Pictures.
Содржина Во Англија од XIII век, таинствено суштество тероризира магливи села, каде што месниот фолклор станува застрашувачка стварност за жителите.
Улоги Арон Тејлор-Џонсон — проколнатиот земјоделец Лили-Роуз Деп — сопругата на проколнатиот земјоделец Вилем Дафо — ловецот Ралф Инесон Џек Морис Боди Ре Бренах — ќерката на земјоделецот Јан Бијвут Ричи Едвардс Валерија Караман — дивата жена
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Американски хорор-филмови Категорија:Британски филмови Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Англија Категорија:Филмови од 2026 година