Јордан Ацков Андонов (Велес, 1878 — ?) — македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација. Учесник во Илинденското востание. За време на Првата светска војна бил дел од МОО. По Народноослободителната борба аплицирал за Илинденска пензија.

Животопис Јордан Андонов е роден во 1878 година во градот Велес, тогаш дел од Отоманското Царство. Во 1903 година, пред Илинденското востание, се приклучил во Македонската револуционерна организација. За време на востанието бил дел од четата на Андон Ќосето. Учествувал во борбата кај Скачинци и Баир Клепа. По востанието дејствувал во Крушевско.

Во 1906 година се приклучил во четата на Панчо Константинов од Велес, учествувал во борбата кај Ораов Дол против српската вооружена пропаганда. За време на Првата светска војна, Андонов соработувал со Внатрешната македонска револуционерна организација. Се приклучил во Единаесетта пешадиска македонска дивизија.

За време на Втората светска војна, Андонов живеел во Скопје. На 23 февруари 1943 година поднесол молба за бугарска народна пензија, која била одобрена од Министерскиот совет на Царството Бугарија. По Народноослободителната борба, Александар Мартулков ја воведил програмата за Илинденска пензија. Во 1946 година Андонов поднесол молба за Илинденска пензија која била одобрена.

Наводи

Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Родени во 1878 година Категорија:Дејци на МРО Категорија:Дејци на ВМРО Категорија:Македонски револуционери Категорија:Добитници на Илинденска пензија