Христина Илова Кланџева ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.
Животопис Од средината на 1943 година станала член на младинската организација ЕПОН во Егејска Македонија. Заедно со целото семејство се ставила на располагање на НОД во Грција. Во јуни 1944 година стапила во Македонскиот баталјон во Егејска Македонија. По преминувањето на баталјонот во Југославија, односно Македонија (септември 1944 година) таа се наоѓала во Првата ударна егејска бригада, во специјалниот баталјон, како санитетка.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ