Магла () — натприроден филм на ужасите од 2005 г., во режија на Руперт Вејнрајт, а со Том Велинг, Селма Блер и Меги Грејс во главните улоги. Филмот е преработка на истоимениот филм на Џон Карпентер од 1980 г., а негови продуценти се Карпентер и Дебра Хил, кои биле соавтори на сценариото за изворниот филм.via Associated Press. "Debra Hill, 54, Film Producer Who Helped Create 'Halloween,' Dies", The New York Times, March 8, 2005. Accessed December 18, 2007. "Born in Haddonfield, N.J., Ms. Hill grew up in Philadelphia."
Филмот ја раскажува приказната за една чудна магла што ја зафаќа островската населба покрај брегот на Орегон, носејќи ги со себе одмаздничките духови на морнарите што таму биле убиени пред 134 години. Жителите на градот се наоѓаат во стапица и се борат за сопствените животи, додека истовремено ја откриваат вистината за својата мрачна историја.
Филмот е произведен од Revolution Studios, а во киносалите бил пуштен од Sony Pictures Releasing преку својата фирма Columbia Pictures на 14 октомври 2005 г. Филмот наишол на многу лоши одзиви и заработил 46,2 милиони долари.
Содржина Жителите на островот Антонио, крај брегот на Орегон, се подготвуваат да откријат споменик во чест на четворицата мажи (Кесл, Вејн, Вилијамс и Малоун) кои го основале градот во 1871 г. Ник Кесл е еден од нивните потомци и поседува компанија за изнајмување рибарски бродови, користејќи го својот брод „Сигрес“ за туристички цели. Кога неговата девојка, Елизабет Вилијамс, се враќа на островот по шестмесечен престој во Њујорк, започнува необична низа од настани, вклучувајќи неколку грозоморни смртни случаи и појава на таинствена магла. Кога Елизабет се лизнува во бродоградилиштето на Ник и паѓа во морето, таа пронаоѓа стар дневник од 1871 г., напишан од Патрик Малоун, еден од основачите на градот. Дневникот раскажува како човек по име Блејк купил половина од островот за да го користи како колонија за заболени од лепра. Додека ги превезувал своите луѓе кон островот Антонио со бродот „Елизабет Дејн“, Блејк бил предаден од Кесл, Вејн, Вилијамс и Малоун. Четворицата мажи ги заклучиле Блејк и неговите луѓе во бродот, им ги украле парите и имотот, а потоа го запалиле бродот, убивајќи ги сите што биле внатре. Во денешно време, духовите на Блејк и неговата екипа се издигнале од нивниот воден гроб за да им се одмаздат на потомците на четворицата мажи.
Улоги
| Том Велинг || Николас „Ник“ Кесл |- | Меги Грејс || Елизабет Вилијамс |- | Селма Блер || Стиви Вејн |- | ДеРеј Дејвис || Спунер |- | Кенет Велш || градоначалникот Том Малоун |- | Ејдријан Хаф || отец Роберт Малоун |- | Сара Ботсфорд || Кети Вилијамс
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови од 2005 година Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Американски хорор-филмови Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Орегон Категорија:Филмови на Columbia Pictures Категорија:Филмови за реинкарнација Категорија:Канадски филмови Категорија:Канадски хорор-филмови