Aristolochiaceae (копитници) - семејство на цветни растенија со осум родови и околу 400 познати видови, кои припаѓаат на редот Piperales.

Опис Тие се претежно повеќегодишни, тревни растенија, грмушки или лијани. Мембранозните, срцевидни едноставни листови се раширени, и растат наизменично по стеблото. Рабовите се најчесто цели. Нема прилисници. Цветовите се големи до средни, растат во лисните оски. Тие се билатерално или радијално симетрични.

Класификација Aristolochiaceae се магнолиди, основна група на скриеносеменици кои не се дел од големите категории на монокотиледони или евдикоти. Од APG IV (2016), вклучени се поранешните семејства Hydnoraceae и Lactoridaceae.

Некои понови шеми за класификација, како што е ажурирањето на Групата за филогенија на скришносемените растенија, го сместуваат семејството Aristolochiaceae во редот Piperales.

Филогенеза Прифатени се осум рода - Aristolochia, Asarum, Euglypha, Hydnora, Lactoris, Prosopanche, Saruma и Thottea.

Во кладограмот на родово ниво на Aristolochiaceae можат да се разликуваат четири асоцијации:

Aristolochia е тесно поврзана со Thottea. Hydnora е тесно поврзана со Prosopanche. Lactoris зафаќа изолирана позиција. Asarum е тесно поврзан со Saruma, а двата рода покажуваат длабоко разгранета позиција во семејството.

Геномика десно|мини|400x400пкс|Мапата на високо редуциран пластиден геном на член од Aristolochiaceae, Hydnora visseri Целосната секвенца на пластидниот геном на еден вид Aristolochiaceae, Hydnora visseri, е одредена. Овој вид Aristolochiaceae поседува еден од најмалите пластидни геноми меѓу цветните растенија.

Екологија Пеперугите Battus philenor ги положуваат своите јајца на некои видови Aristolochia, а ларвите се хранат со растението, и не им влијае токсинот, кој потоа ѝ нуди на возрасната пеперутка заштита од грабливци.

Фосилни записи Најраните записи за семејството се фосилните семиња на † Aristospermum huberi и † Siratospermum mauldinense од раниот креда период во Португалија и Вирџинија, САД. Најстарите фосилни остатоци од лисја се од † Aristolochites dentata од доцниот креда период во Небраска. Траги од полен од † Aristolochiacidites viluiensis се останати на седиментите од горниот креда период во Сибир. Фосилните остатоци од лисја од † Aristolochia austriaca ги има во седиментите од доцниот миоцен на локацијата Пелендорф во Виенскиот басен во Австрија. † A. austriaca е најсличен на постојните медитерански видови A. rotunda и A. baetica.

Наводи

Надворешни врски

Меѓународна агенција за истражување на евалуацијата на ракот Аристолохична киселина: Безбедносен аларм, предупредувања од Администрацијата за храна и лекови на САД (2001) Здравство на Канада советува да не се користат производи означени дека содржат аристолохија Aristolochiaceae во BoDD – Ботаничка дерматолошка база на податоци

Категорија:Копитници Категорија:Статии со микроформати за вид