Жолтоплодна копривка () — листопадно дрво од родот копривка (Celtis) во семејството на конопите (Cannabaceae). Вирее во Јужна и Југоисточна Европа, Западна Азија и Кавказот. Достигнува висина од 6 м и расте во низини и суви шуми.

Таксономија Сицилискиот подвод C. tournefortii aetnensis често се смета за одделен вид.

Опис Жолтоплодната копривка расте како голема грмушка или мало дрво со висина од највеќе 6 м. Плодовите се јадат во Турција.

Распространетост и живеалиште Во Европа жолтоплодната копривка е застапена од Сицилија на запад, па на исток преку Балканот во Крим и Кипар. Во Западна Азија вирее во Турција, Иран и Ирак, а на Кавказот се среќава во Ерменија, Азербејџан и Грузија. Иако е широко распространето, ова растение има нерамномерна распределба во одвоени подрачја.

Ова дрво живее во макии и суви шуми во низините и по карпестите падини.

Во Македонија Жолтоплодната копривка во Македонија расте помеѓу големи гранитни блокови и силикатни карпи во низинските делови до висина од 900 м.н.в. Важи за широко распространета. Според Ханс Ем застапена е во Кумановско — Младо и Старо Нагоричане и Зебрњак; во Штипско — с. Горни Балван; Пробиштипско — с. Пуздерци; Валандовско; Градско (Велешко) — Клепа; Прилепско — Марков Град, Шаторов Камен и над с. Селце; Битолско — с. Скочивир.

Зачувување Иако не е загрозена на светско ниво, жолтоплодната копривка претрпела месни загуби на живеалиштето во неколку региони заради урбанизација и проширување на обработливите површини. Се смета за многу ретка во Бугарија, загрозена во Кипар и Сицилија, ранлива во Албанија и БиХ, и речиси загрозена во Италија. Во Македонија важи за незагрозена.

Наводи

Надворешни врски

Жолтоплодната копривка (Celtis tournefortii Lam.) во Македонија од Ханс Ем во Шумарски преглед, год. 30, бр. 3–4 (Скопје, 1982)

Жолтоплодната копривка на The Plant List

Категорија:Копривка Категорија:Флора на Македонија Категорија:Таксони опишани од Жан Батист Ламарк