Николче Новески (Битола, ) — македонски професионален фудбалер. Новески бил одбранбен играч, а најчесто играл на позициите централен или лев бек.

Животопис

Кариера Во 1998 година, Новески како анонимен фудбалер на „ФК Пелистер“ заминал во Германија, каде самостојно си го пробивал патот, завршувајќи во ФК Мајнц за кој потпишал во 2004 година. Во 2005 година, Новески го добил признанието на Фудбалската федерација на Македонија за најдобар македонски фудбалер кој настапува во странство, додека на 26 декември 2013 година, Фудбалската федерација на Македонија го прогласила за најдобар македонски фудбалер."Новески: Повеќе ќе се гордеев ако не бевме последни во групата", Дневник, година XVII, број 5351, петок, 27 декември 2013, стр. 26-27. Во сезоната 2014-2015, според анкетата на весникот „Алгемајне цајтунг“, Новески бил прогласен за најдобар играч на „Мајнц“, со освоени 35,7% од гласовите. По завршувањето на сезоната, тој се простил од екипата на „Мајнц“ за која настапувал цели 11 сезони, а ја носел и капитенската лента. За „Мајнц“, Новески одиграл над 300 натпревари на кои постигнал и 12 гола.„Новески избран за играч на сезоната во Мајнц“, Дневник, година XIX, број 5794, петок, 19 јуни 2015, стр. 26. Новевски има постигнато 6 автоголови во натпреварите од Бундеслигата, со што е играчот кој постигнал најмногу автоголови во историјата на Бундеслигата.

Од 2004 до 2013 година, заклучно со квалификациониот циклус за СП во Бразил, Новески одиграл 64 натпревари за македонската фудбалска репрезентација при што постигнал пет гола.„Новески: Повеќе ќе се гордеев ако не бевме последни во групата“, Дневник, година XVII, број 5351, петок, 27 декември 2013, стр. 26-27.

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски фудбалери Категорија:Фудбалери од Битола Категорија:Фудбалери на ФК Пелистер Категорија:Фудбалери од Бундеслигата Категорија:Фудбалери на ФК Мајнц 05