Црн орев (науч. Juglans nigra) е вид листопадно дрво од семејството ореви, Juglandaceae, по потекло од централна и источна Северна Америка, кое расте претежно во крајбрежните зони.

Опис Дрвото расте 30-40 метри во височина. Развива високо и право стебло. Кога се одгледува на отворено, има кратко стебло и широка круна. Кората е типично сиво-црна и длабоко избраздена во тенки гребени што ѝ даваат на кората дијамантска форма.

Влакната на гранчињата се светло-кафеави. Пупките се бледо свиленка сти и покриени со меки влакна. Терминалните пупки се овални и 8 мм долги, малку подолги од широки, страничните пупки се помали и се надредени.

Црниот орев е еднодомен. Машките цветови се во овенати ресички, а женските цветови во гроздови од два до пет на растот во тековната година. Во текот на летото/есента, зрее сферичен плод (орев). Се состои од кафеаво-зелена, полумесеста лушпа и кафеав, брановиден орев. Целиот плод, вклучувајќи ја и лушпата, паѓа во октомври, семката е релативно мала и многу тврда.

Слични видови Juglans cinerea е сличен по формата на листот и распонот. Плодовите се доста различни, бидејќи едните плодови се сферични, а плодовите на другиот орев се повеќе овално-издолжени.

Распространетост и живеалиште Видот е домороден во Северна Америка. Расте претежно во крајбрежните зони, од јужен Онтарио, западно до југоисточна Јужна Дакота, јужно до Џорџија, северна Флорида и југозападно до централен Тексас.

Иако неговиот примарен роден регион е Средниот Запад и источно-централниот дел на САД, црниот орев бил воведен во Европа, веројатно во 1629 година, каде што добил економско значење. Исто така се одгледува на Хаваи. Се одгледува како шумско дрво поради неговото висококвалитетно дрво. Насадите од црн орев може да служат за производство на дрва, ореви или и дрва и ореви.

Во Македонија Во Македонија се одгледуваат поединечни стебла, како на пример во Демир Капија, во градскиот парк во Скопје и на други места.

Употреба како храна Плодовите од црн орев се јадат. Оревот обезбедува робустен, препознатлив, природен вкус и крцкавост како состојка во исхраната. Вообичаено се користи за сладолед, пекарски производи и слатки. Оревите се користат и во друга храна, како што се салати, риба, свинско месо, пилешко месо, зеленчук и јадења со тестенини.

Најголеми дрвја Највисокиот црн орев во Европа се наоѓа во паркот Волуве во градот Синт-Питерс-Волуве, Брисел, Белгија. Има обем од 3,5 метри, висина од точно 33,60 метри (мерено со ласер), и било засадено околу 1850 година (± 10 години).

Најголемиот во обем црн орев во Европа се наоѓа во паркот на замокот во градот Серед, Словачка. Има обем од 6,3 метри, висина од 25 метри, и проценета возраст од 300 години.

Наводи

Надворешни врски

Juglans nigra - информации, генетски конзервациски единици и сродни ресурси. Европска програма за шумски генетски ресурси (EUFORGEN)

Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Украсни дрва Категорија:Растителни вапсила Категорија:Јадливи оревести плодови и семки Категорија:Незагрозени видови според МСЗП Категорија:Флора на Македонија