„На светот нема виновници“ — расказ на рускиот писател Лав Толстој.
Содржина Прва редакција Иван Фјодорович Порхунов, образован, паметен и чесен човек, е старешина на благородниците во една губернија. Егор Кузмин е млад селанец кој под влијание на прочитаните книги им се приклонува на револуционерните идеи. Тој се сели во Москва, каде се вработува во една фабрика и ги согледува неправдата и нееднаквоста кои владеат во руското општество. Поради напредните идеи е уапсен, а во затворот го запознава селанецот Митечка, кој проповеда живот според божјите закони. Под неговото влијание, Кузмин се препородува и ги напушта револуционерните идеи. Сопругата на Иван Фјодорович, Александра Николаевна Порхунова го моли домашниот учител, младиот Михаил Неустроев да не дава отказ од работата и во таа прилика му ја изјавува својата љубов, а потоа тие водат љубов. Утредента, Неустроев заминува во Москва по револуционерна задача, а претходно го посетува селскиот учител Петар Фјодорович Соловјов. По завршувањето на богословијата со одличен успех, Соловјов станува калуѓер кому му се предвидува блескава кариера, но тој дава отказ и станува домашен учител во домот на Порхунови, но дава отказ поради нетрпението на Александра Порхунова и тогаш станува селски учител. Кога Иван Порхунов се враќа дома, неговата сопруга е вознемирена и засрамена поради неверството, а три месеци подоцна таа сфаќа дека е бремена. Истовремено, во еден универзитетски град живее Матвеј Семјонич Николаев, член на раководството на една револуционерна организација...Лав Николајевич Толстој, Хаџи Мурат и друге приповетке. Просвета - Рад, Београд, 1983, стр. 540-566.
Прва редакција Во едно село има голем пожар кој зафаќа неколку куќи. Додека селаните го гасат пожарот, младиот Евдоким Михашин размислува за големата промена што настанала во него по читањето на една книга во која ги согледува неправдата и нееднаквоста во светот.Лав Николајевич Толстој, Хаџи Мурат и друге приповетке. Просвета - Рад, Београд, 1983, стр. 566-567.
Трета редакција Еден 90-годишен човек, кој чувствува голема омраза кон богатите, власта, нееднаквоста и неправдата, решава да ги изрази своите погледи. Во продолжение на расказот се зборува за Александар Иванович Волгин, банкар од Москва, кој доаѓа на гости во селската куќа на сестра си. По прошетката низ паркот, тој го среќава селанецот Митриј Судариков кому му умрел коњот и поради тоа го замолува за помош, а Волгин му дава три рубљи. Митриј се враќа со парите дома, а оттаму заминува да работа кај еден селанец. Расказот завршува со укажувањето дека покрај тој намачен народ мирно и спокојни си живеат богатите кои воопшто не се прашуваат зошто народот живее во беда.Лав Николајевич Толстој, Хаџи Мурат и друге приповетке. Просвета - Рад, Београд, 1983, стр. 567-581.
Наводи
Категорија:Дела на Лав Толстој Категорија:Руски раскази