„По балот: расказ“ — расказ на рускиот писател Лав Толстој. Расказот е завршен во Јасна Полјана, на 20.8.1903.Лав Николајевич Толстој, Хаџи Мурат и друге приповетке. Просвета - Рад, Београд, 1983, стр. 18.

Содржина Иван Васиљевич раскажува како еден мал настан може да му ја измени судбината на човекот: Во 1840-тите, како студент, тој бил заљубен во убавата Варњека. На еден бал, тој постојано игра со неа, а потоа таа танцува и со татко ѝ. Утредента, Иван шета во близината на куќата на Варењка и здогледува група војници кои сурово казнуваат еден војник, а татко ѝ на Варењка го надгледува казнувањето. Тогаш, кај Иван се гаси љубовта кон Варењка и тој сѐ поретко се среќава со неа.Лав Николајевич Толстој, Хаџи Мурат и друге приповетке. Просвета - Рад, Београд, 1983, стр. 7-18.

Наводи

Категорија:Дела на Лав Толстој Категорија:Руски раскази