Христо Мицков Пулевски (Галичник, XIX век – Ниш, 1900) — македонски зограф и иконописец, претставник на Дебарската школа.

Животопис Роден е во реканското гратче Галичник, тогаш во Отоманското Царство. Роднина бил на зографот Евгениј Поп Кузманов. Станал иконописец и бил добар мајстор. Работел во Јужна Србија — Врање, Лесковац, Ниш и Нишко. Се оженил во Ниш, каде што и починал во 1900 г.

Наводи

Категорија:Македонски зографи Категорија:Македонски иконописци Категорија:Претставници на Дебарската школа