Многу приватна афера () — романтична драма од 1962 година, била напишана и режирана од Луј Мал, а во главните улоги се Брижит Бардо и Марчело Мастројани.

Заплет Џил е 18-годишна Французинка од висока класа која живее со својата мајка, вдовица, во луксузна вила на Женевското Езеро и зема часови по балет во Париз со нејзината блиска пријателка Карла. И покрај тоа што е во врска со Дик, нејзиниот инструктор по балет, таа е тајно заљубена во постариот Фабио Риналди, италијански уредник на списание и театарски режисер кој е во брак со Карла. Разочарана од нејзината невозвратена љубов, Џил се сели во Париз со Дик, и покрај протестите на нејзината мајка, и се стреми кон кариера како балерина. Сепак, набрзо ѝ здодеваат Дик и балетот и накратко се свртува кон манекенството за да заработи пари.

Откако е откриена од филмскиот продуцент Максим, Џил почнува да глуми во филмови. Во рок од три години, таа станува светски познат секс симбол, иако се соочува со интензивен медиумски надзор поради нејзините бројни љубовни врски и постојано била прогонувана од папараците. Додека присуствува на премиера по налог на Максим, Џил доживеала нервен слом откако е опкружена од избезумени обожаватели и папараци. Таа е примена во клиника и набргу потоа тајно патува во Женева со нејзината докторка, Жулиет, за да престојува во вилата на нејзината мајка, но не е дома. Потоа таа го бара Фабио, кој ја придружува назад до вилата на нејзината мајка и открива дека се развел од Карла. Додека влегуваат во вилата користејќи го резервниот клуч, надвор се собира орда папараци кои биле дојавени од Џулиет, вознемирувајќи ја Џил.

Следниот ден, Фабио ја шверцува Џил од вилата во неговиот стан. Додека тој е на работа, таа се обидува да се самоубие давејќи се во неговата када, но тој брза да ја спаси и ја негува додека не оздрави. Тие набрзо стануваат љубовници додека се кријат во станот на Фабио пред тој да замине за Сполето, Италија, каде што поставува продукција на отворено на претставата „Кетките од Хајлброн “ од Хајнрих фон Клајст за уметничкиот фестивал. Во меѓувреме, Џил останува со нејзината мајка во вилата, која е опкружена со папараци. Максим ја посетува Џил, обидувајќи се да ја убеди да се врати во Париз, но кога таа изразува дека сака да престане да глуми, тој се заканува дека ќе ја тужи за прекршување на договорот.

Избегнувајќи ги папараците, Џил патува во Сполето и се среќава со Фабио. На почетокот не е препознаена во јавноста, сè додека не го сретне близок пријател по име Ален, папарацо, кој објавува фотографија од Џил и Фабио во весникот. Наскоро, пробите за претставата се попречени од орди обожаватели и папараци, што го поттикнува Фабио да ја замоли Џил да остане во неговата хотелска соба. Разбеснет од медиумскиот циркус околу Џил, Фабио ги исфрла Ален и неговите пријатели додека тие ѝ прават друштво на Џил и се заколнува дека ќе ја заштити. Како одговор на тоа, Ален и неговите колеги ги опсадуваат блиските покриви, желни да ја фотографираат Џил.

Откако Фабио ја преместува Џил во соба на повисок кат во хотелот, таа наскоро станува нервозна и незадоволна бидејќи мора да остане сама. На денот на премиерата, Фабио се обидува да ја разубеди Џил да оди на претставата, стравувајќи дека нејзиното појавување ќе предизвика проблеми, поради што таа бесно го обвинува дека ја држи како затвореник. Набргу потоа, Фабио ѝ се јавува и ја повикува да дојде на премиерата, но Џил повторно одбива. Кога Џил се искачува на покривот за да ја набљудува претставата, го забележува Ален како ја фотографира. Исплашена од ненадејниот блиц, Џил ја губи рамнотежата и паѓа од покривот, умирајќи со мирен израз на лицето.

Улоги мини|300x300пкс| Брижит Бардо во Многу приватна афера

Брижит Бардо како Џил Марчело Мастројани како Фабио Риналди Николас Батај како Едмонд Жаклин Дојен како Џулиет Елеонор Хирт Урсула Кублер Грегор фон Рецори како Гриха Антоан Робло како Ален, фотограф Дирк Сандерс како Дик Пол Сорез како Максим Глорија Франс како Ана

Продукција Главното снимање се одвивало од 10 јуни до 27 август 1961 година во Париз, во студиото Франс во Сен Морис, Вал де Марн, во Женева, Перуџа и Сполето.

Рецензии

Списанија „ Варајати“ го нарекол филмот „елегантно произведен“.

Билетарница Според извештајот од 1963 година на Националниот центар за кинематографија (CNC), двата филма на Бардо, „Вистината“ и „Многу приватна афера“, генерирале вкупна нето добивка од 640.000 долари за нивните дистрибутери во Соединетите Американски Држави.

„Варајети“ изјавил дека филмот постигнал „само толку“ успех на кино благајните во САД.

Саундтрак

„Сидони“, отпеана од Брижит Бардо

Наводи

Надворешни врски

Многу приватна афера на АлМуви

Категорија:Филмови снимени во Италија Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Париз Категорија:Филмови за глумци Категорија:Статии со извори на француски (fr) Категорија:Филмови од 1962 година Категорија:Филмови со Брижит Бардо