Драга Брижит — американска црно-бела комедија снимена во 1965 година во режија на Хенри Костер. Станува збор за адаптација на романот „Еразмо со пеги“ од Џон Хас. Протагонистот, игран од Бил Мами е математичко чудо од дете чиј талент неговиот татко, универзитетски професор (глумено од Џејмс Стјуарт), го користи за да собира средства за финансирање на својот колеџ преку обложување. Заплетот покажува како момчето е опседнато со француската филмска ѕвезда Брижит Бардо (која се игра себеси) и оди во Париз со својот татко за да ја запознае, што го злоупотребуваат негативците кои сакаат да им ги земат парите.
Улоги
Џејмс Стјуарт како професорот Лиф Фабијан како Кенет Глинис Џонс како Вина Синди Керол како Пандора Брижит Бардо како себеси Били Муми како Еразмус Џон Вилијамс како Апџон Џек Крушен како д-р Волкер Чарлс Робинсон како Џорџ Хауард Фриман како декан Сојер Џејн Волд како Тери Алис Пирс како службеничка во бирото за невработени Џеси Вајт како Аргајл Џин О'Донел како поручник Ринк Орвил Шерман како Фон Шлог Маида Северн како наставничка Клајв Клерк како студент Пит Херберт како директор на банка Адер Џејмсон како продавачка Марсел де ла Брос како таксист Ед Вин како капетанот (исто така и нараторот)
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Комични филмови Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 1965 година Категорија:Филмови со Брижит Бардо