Духовите на мртвите или Извонредни истории (франц: Histoires extraordinaire, итал: Tre passi nel delirio) — француско италијански антологиски хорор филм снимен во 1968 година. во режија на Роџер Вадим, Луј Мал и Федерико Фелини. Се состои од три приказни, инспирирани од делата на Едгар Алан По. Во првиот, насловен како Меценгерштајн, промискуитетна и развратна грофица (чиј лик го игра Џејн Фонда) наследува замок, но е казнета од коњ кој сака да го одмазди својот сопственик. Во вториот дел, под името Вилијам Вилсон, австриски офицер (чиј лик го игра Ален Делон) во Италија на почетокот на 19 век му опишува на свештеник за време на исповед како го убил својот двојник. Во третиот сегмент, Тоби Дамит, главниот лик (го игра Теренс Стамп) е алкохолизиран глумец кој пристигнува во современ Рим за да сними филм, но е прогонуван од визијата за мистериозно мало девојче.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Фантастични филмови Категорија:Антологиски филмови Категорија:Италијански филмови Категорија:Француски филмови Категорија:Филмови од 1968 година Категорија:Филмови со Брижит Бардо