Св. Троица — православна црква во велешкото село Скачинци, Општина Градско, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Велешкото архијерејско намесништво во Повардарската епархија на МПЦ - ОА.
Црквата е сместена на југозападниот крај на селото. Изградена е и живописана во 1870 г. (или можеби во 1883 г.). Градителските, копаничарските и живописните работи ги извел сестраниот тресонечки мајстор Јаков Дамјанов Зографски, претставник на Дебарската школа.
Поврзано Повардарска епархија Велешко архијерејско намесништво
Наводи
Скачинци Категорија:Дела на Дебарската школа