Маријански ров е најдлабокиот океански ров на Земјата, сместен во западниот дел на Тихиот Океан, источно од Маријанските Острови, во близина на Гуам. Има облик на полумесечина, долг е околу 2.550 км и широк околу 69 км. Најдлабоката точка, Челенџеровата бездна (Challenger Deep), достигнува 10.935 ± 6 метри под нивото на морето – повеќе од височината на Монт Еверест. Притисокот на дното е над 1.000 атмосфери, а температурата е 1–4 °C.

Ровот настанал со подвлекување на Тихоокеанската тектонска плоча под Маријанската плоча. Првпат е измерен во 1875 година од британскиот брод HMS Challenger. Првите луѓе што стигнале до дното биле Жак Пикар и Дон Волш во 1960 година со батискафот Trieste. И покрај екстремните услови, во ровот живеат приспособени микроорганизми и длабокоморски животни. Дел од областа е заштитен како американски морски национален споменик од 2009 година.

Категорија:Крајни точки на Земјата