Св. Вознесение Христово (или Св. Спас) — православна црква во велешкото село Голозинци, Општина Чашка, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Велешкото архијерејско намесништво во Повардарската епархија на МПЦ - ОА.

Црквата е гробишен храм сместен крај реката Тополка, на половина километар источно од селото. Градена е од 1800 до 1820 година. Во 1887 г. истакнатиот зограф Димитар Андонов Папрадишки насликал четири иконостасни икони во црквата.

Поврзано Повардарска епархија Велешко архијерејско намесништво

Наводи

Голозинци Категорија:Дела на Дебарската школа