Ирвинг Видмер Бејли (15 август 1884 - 16 мај 1967) бил американски ботаничар познат по својата работа во областа на растителната анатомија. Речиси цел свој живот тој бил член на факултетот на Универзитетот Харвард, работејќи главно во Хербаријата на Универзитетот Харвард.

Ран живот и образование Бејли бил роден во 1884 година, во Тилтон, Њу Хемпшир, како син на Рут Потер Бејли и Солон Ирвинг Бејли. Неговиот татко бил професор по астрономија на Универзитетот Харвард. Бејли, во 1907 година дипломирал на Харвард колеџот, а две години подоцна магистрирал по шумарство на Харвардскиот постдипломски факултет за применети науки.

Научна кариера Во 1909 година, на Харвардскиот постдипломски факултет за применети науки, Бејли се вработил како шумарски инструктор. Тој продолжил да работи во институцијата Баси, која подоцна станала дел од Харвардскиот постдипломски факултет за применета биологија, а исто така имал позиции во Арборетумот Арнолд и Хербариумот Греј, кои биле оддели на Хербаријата на Универзитетот Харвард.

Бејли бил избран во Американската академија на уметностите и науките во 1915 година. Тој бил избран во Американското филозофско друштво во 1926 година и во Националната академија на науките на Соединетите Американски Држави во 1929 година.

Во 1943 година, по негова чест, ботаничарот Ричард А. Хауард го именувал родот цветни растенија од Австралија (кои припаѓаат на семејството Stemonuraceae) како Irvingbaileya.

Во 1945 година, на барање на деканот на Харвардскиот факултет за уметности и науки, Бејли го создал она што станало познато како „Планот на Бејли“, кој контроверзно предложил сите сектори на ботаниката да бидат обединети. Неговиот план резултираше со нова зграда во која ќе биде сместена хербаријата на Универзитетот Харвард.

Во текот на својата 58-годишна кариера, тој објавил 140 трудови и 2 книги. Во 1954 година, тој ја добил наградата „Мери Сопер Поуп Меморијал“ за ботаника. Тој починал во 1967 година.

Првата светска војна и Втората светска војна Во Првата светска војна, Бејли работел во Бирото за производство на авиони на базата Рајт Филд во Дејтон, Охајо. Како вешт инженер, а воедно и ботаничар, тој бил задолжен за избор на дрво за конструкција на авиони.

За време на Втората светска војна тој работел на проект за камуфлажа во Инженерското училиште во Форт Белвоар, Вирџинија.

Личен живот Во 1911 година, Бејли се ожени со Хелен Диман Харвуд.

Наводи

Категорија:Членови на Националната академија на науките на САД Категорија:Членови на Американското филозофско друштво Категорија:Членови на Кралската шведска академија на науките Категорија:Починати во 1967 година Категорија:Родени во 1884 година Категорија:Статии со hCards