Шуплива карпа (позната и како Прстен на Крале Марко) — природна карпеста појава во областа Средорек, сместена во кумановското село Стрезовце.

Местоположба

Карпата се наоѓа во маалото Гравиште, во близина на атарската граница помеѓу селата Стрезовце и Војник.

Опис и особеност

Карпата е висока 20 метри и широка 5 метри.

Месната легенда говори дека карпата е донесена на тоа место од Крал Марко, кој ја пренел балансирајќи ја на врвот на прстите од соседното село Клечевце. Легендата е дел од епот за Крале Марко во борбите со Муса Кесанџија и доаѓањето во Стрезовце од Прилеп, кога тој ја фрлил карпата во полето до селото Стрезовце и така таа таму останала.

Со местото е поврзано и народно верување дека жена без деца ако мине низ отворот на карпата ќе забремени, поради што има доста посети во поново време.Поповска, Драгица. 2009. Светите камења во македонската народна религија и обредна пракса. Скопје: Селекто.

Настанок

Нема испитувања за тоа од кога е карпата, но се претпоставува дека има поврзаност со другите праисториски светилишта во Кумановско.

Галерија

Поврзано Цоцев Камен

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Карпести образби во Македонија Категорија:Мегалитски споменици во Македонија Категорија:Стрезовце