Бенгет е покраина на Филипините во регионот Кордиљера на островот Лусон и е една од ретките која н излегува на море. Главен град е Ла Тринидад и се граничи од југ кон запад со, Пангасинан, Ла Унион, Јужен Илокос, Планинската Покраина, Ифугао, и Нова Вискаја.
Демографија
Според пописот во Мај 2000, Бенгет имаше вкупно население од 330.129 жители, што ја прави една од најнаселените покраини во регионот. Регистрирани се вкупно 63.123 домаќинства со просечно 5,2 лида по домаќинство.
Најмногуброен е народот Игороти.
Стопанство
Земјоделието, рударството, и туризмот се најголемите стопански гранки.
Образование Во Бенгет постои државен универзитет сместен во Ла Тринидад, кој има 9 колеџи. Исто така тука е сместена и Регионалната Висока Школа за Науки.
Административна поделба
Бенгет е поделен на 31 општина и градот Багио. Опшините се:
Аток Бакун Бокод Бугвиас Итогон Кабајан Капанган Кибунган Ла Тринидад Манкајан Саблан Туба Тублај
Надворешни врски
Официјално мрежно место на локалната влада
thumb|300px|лево|Скалести оризарници во Бенгет
Категорија:Покраини на Филипините Категорија:Држави и територии настанати во 1900 година Категорија:Кордиљера (регион)