Перејаслав е историски град во Бориспилскиот реон, Киевска област, во централна Украина. Се наоѓа во близина на устието на реките Алта и Трубиж, околу 95 км југоисточно од главниот град Киев. Тој бил еден од клучните регионални центри на моќ во текот на средниот век и служел како престолнина на кнежевство.
Перејаслав е административно седиште на Перејаславската урбана општина, една од општините во Украина. Неговото население изнесува приближно
Со повеќе од 20 музеи, Перејаслав често се опишува како „жив музеј“"Pereyaslav Khmelnytsky – a town of museums", Магазин Welcome to Ukraine, март 2007 и му е доделен статус на историско-етнографски резерват.
Етимологија
Сегашно име
Сегашното име е воведено од Врховната рада на 30 септември 2019 година за да се врати неговото историско име. Rada renamed Pereyaslav-Khmelnitsky, Ukrayinska Pravda (30 October 2019) Rada Renames Pereyaslav-Khmelnytskyi Of Kyiv Region For Pereyaslav, Ukrainian News Agency (30 October 2019)
Името на Перејаслав на други јазици е: Украински: Переяслав (познат и како Pereyaslav) Јидиш: פּרעיאַסלעוו (романизирано: Preyaslev) Руски: Переяслав (романизирано: Pereyaslav) Латински: Pereaslavia Полски: Perejasław Литвански: Perejaslavas
Поранешни имиња Перејаславл (907–1943; познат и како Перејаслав-Руски почнувајќи од 1152 година) Перејаслав-Хмелницки (1943–2019), 1943 – 29 октомври 2019 година
Во 1152 година, Јуриј Долгоруки го основал градот Переjaслав-Залески во североисточниот дел на Киевски Рус. За да се направи разлика меѓу двата града, Перејаслав во 12 и 13 век понекогаш се нарекувал Перејаслав-Руски.Історія міста Переяслав-Хмельницький Познат е и како Перејаславл-Јужни (руски: Переяславль-Южный).. Переяславль Южный или Русский
Знаменитости Најзначајните знаменитости во Перејаслав се:
Музеј на народната архитектура и битовите традиции на Средно Днепарската Украина, кој ги претставува архитектурата и традициите на Украинците од древните времиња до 19 век, а ги опфаќа следниве подмузеи: Музеј на лебот, Музеј на копнениот транспорт, Музеј на рушници (украински декоративни крпи), Музеј на истражувањето на вселената, Музеј на поштенските услуги, Музеј на пчеларствoто, Музеј на применетата и декоративната уметност, Музеј на украинските традиционални обреди, Музеј на археологијата, Музеј на козачката слава, Музеј на Трипилската култура, Музеј на украинската традиционална облека итн.
Ископани урнатини од градби од 10–11 век.
Црква „Св. Михаил“ (1646–66).
Вознесенски манастир (со Соборниот храм изграден во 1695–1700 година). мини|750п|центар|Плоштад на Богдан Хмељницки - главниот плоштад во Перејаслав
Економија
Во градот има големо речно пристаниште, кое работи како дел од Киевското речно пристаниште.
Збратимени градови Перејаслав е збратимен со: Мариупол, Украина Мцхета, Грузија Паиде, Естонија Кочани, Македонија
Наводи
Категорија:Градови во Украина