Кагајан — покраина на Филипините во регионот Кагајанска Долина на островот Лусон. Главен град е Тугегарао и е сместен во североисточниот агол на Лусон. Кагајан ги вклучува Бабујанските Острови на северот. Покраината граничи со Северен Илокос и Апајао на запад, и Калинга и Исабела на југ.

Демографија Мнозинството од населението се Илокани, кои претежно се доселеници од регионот Илокос. Додека домородни народи се Ибаназите, кои биле прво христијанизирани од шпанските мисионери. Тие се служат со јазикот Ибанаг.

Стопанство Земјоделието е најзастапено преку оризот, пченката, кикириките, грашокот, и овошјето. Исто така и дрвната индустија е застапена со обработка на дрва и бамбус.

Административна поделба Кагајан е поделен на 28 општини и еден град (Тугегарао), има 3 конгресни окрузи и 816 барангаи.

Поврзано Кагајан (река)

Надворешни врски Официјално мрежно место WOW Philippines - Cagayan

thumb|left|250px|Статуа на Исус Христос и Богородица на 16 km пред главниот град Тугегарао thumb|left|250px|место за молитви во болница во Тугегарао

Категорија:Покраини на Филипините Категорија:Кагајанска Долина