Оваа статија е за современиот јазик. За стариот јазик, кој воедно бил службен јазик во Ацтечката Империја, видете класичен ацтечки јазик.
Ацтечки јазик (nāwatl, наватл) или навански — американски староседелски јазик, дел од подгрупата на ацтечки јазици од јазичното семејство на јутоацтечки јазици. Јазикот го зборуваат околу 1,5 милиони Ацтеки, од кои повеќето живеат во Мексико и дел од нив во Ел Салвадор. Ацтеките во Ел Салвадор се познати како Пипилци. Ацтечкиот е сложен јазик во поглед на морфологијата и карактеристично за него е полисинтетичноста и аглутинацијата. Поради тоа, јазикот оперира со голем број сложени зборови со сложени значења изведени со помош на афикси.
Ацтечкиот се зборувал во Централно Мексико најрано од VII век.Suárez 1983:149 Тој е мајчин јазик на Ацтеките, народ кој доминирал во денешно централно Мексико за време на доцниот посткласичен период на мезоамериканската историја. За време на вековите пред шпанската колонизација на Мексико, Ацтечката Империја територијално се проширила и ја зазела скоро целата територија на денешно Мексико и нејзиното влијание довело до издигнување на ацтечкиот дијалект од Теночтитлан на ниво на престижен јазик во Мезоамерика. Со шпанското навлегување во регионот, латиницата била воведена во регионот и ацтечкиот станал пишан, литературен јазик. Така, за време на XVI и XVII век, голем број на хроники, граматики, поезија, административни документи и законици биле напишани на ацтечки јазик.Canger 1980:13 Овој ран стандарден јазик заснован на дијалектот од Теночтитлан е означен како класичен ацтечки јазик и е еден од најпроучуваните и најдокументираните јазици во Америка.Canger 2002:195
Денес, ацтечките дијалекти се зборуваат од поголем број раштркани заедници, најчесто во руралните предели на централно Мексико. Меѓу овие дијалекти има значителни разлики, но сепак некои се и многу слични. Сите дијалекти биле изложени на шпанско јазично влијание. Така, денес нема ацтечки дијалект кој е ист со класичниот, но сепак се тврди дека дијалектите кои се зборуваат во Мексиканската Долина се посродни со класичниот одошто периферните ацтечки дијалекти.Canger 1988 Ацтечкиот, заедно со уште 63 други староседелски јазици во Мексико се признати како национални јазици во регионите каде се зборуваат, и имаат ист статус како и шпанскиот јазик.By the provisions of Article IV: Las lenguas indígenas...y el español son lenguas nacionales...y tienen la misma validez en su territorio, localización y contexto en que se hablen. („Староседелските јазици...и шпанскиот се национални јазици...и имаат иста валидност во нивните територии, локации и коннтексти во кои се зборуваат.“)
Потекло на поимот Класичниот ацтечки збор „nāhuatl“ се верува дека значи „добар“ „чист звук“ (Andrews 2003:578 2003:364,398). Името на јазикот во пишана форма има повеќе верзии, меѓу кои „Naoatl“, „Nauatl“, „Nahuatl“, „Nawatl“ и „náhuatl“, кое е шпанска верзија на името. Луѓето кои зборуваат ацтечки се нарекуваат „Наванци“ (Nahua) или Ацтеки. Поимот „Ацтеки“ најчесто се однесува за стариот народ, а за нивните потомци се користи поимот Наванци. Сепак во македонскиот јазик поимот „Ацтеки“ се користи за двете значења, иако е погрешно. Меѓу народот јазикот е познат и како мексикански јазик.
Поимот „Ацтеки“ потекнува од ацтечките зборови aztecatl („астекатл“, ед.) и aztecah („астека“, мн.)Náhuatl: AR-Z. (n.d.). Vocabulario.com.mx. Retrieved August 30, 2012, form и значи „луѓе од Азтлан“,etymonline.com: Aztec митолошко место во ацтечката митологија. Поимот се користи да се означи и ацтечкиот народ Машика, односно населението на градот Теночтитлан. Од зборот „мешика“ е добиено денешното име Мексико. Оригиналното име Mēxihco е составено од зборовите Mexi („брада на татковците) и -co („место на змијата“). Ова е поврзано со симболот на Мексико, орел со змија во устата застанат на кактус, пиктограм на Теночтитлан.
Дијалектологија и терминологија
Терминологија
Терминологијата која се користи да се означат дијалектите на ацтечкиот е разновидна. Постојат поголем број поими кои се користат со различно значење, или пак користење на еден поим со опфатност на сите дијалекти. Понекогаш постарите поими се заменуваат со нови или со изворниот назив на јазикот. Така на пример, јазикот денес се нарекува ацтечки и потекнува од изворното име nāwatlatōlli („чист јазик“). Порано јазикот се нарекувал „ацтечки“, бидејќи го зборувале Ацтеките. И покрај замената на стари со нови поими, во македонскиот јазик поимот „ацтечки“ е позастапен од поимот „ацтечки“. Сепак, важно е да се напомене дека старите Ацтеки не го нарекувале својот јазик како „ацтечки“, туку „mexícacopa“ („мешикакопа“), а народот „mexícâ“ („мешика“).Launey 1992:116 Денес поимот во светската лингвистика поретко се употребува за современиот јазик, но јазичарите го користат поимот за една подгрупа на јутоацтечките јазици.Canger 2001:385
Денешните Ацтеки, во секојдневието јазикот го нарекуваат како мексикански (Mexicano)Hill & Hill 1986:page# или некоја верзија од зборот mācēhualli (заеднички, обичен). Еден пример за ова е случајот на ацтечките говорители во Тетелкинго во Морелос. Таму, народот својот јазик го нарекуваат mösiehuali.Tuggy 1979:page# Пипилците својот јазик не го нарекуваат „пипилски“,туку nawat (наватски)'. Нахуанците од Дуранго го нарекуваат својот јазик Mexicanero.Canger 2001:page# Се забележува и употребата на поимот „наватл“ меѓу народот, но најверојатно ова е нов тренд.
Дијалектологија
Сегашната класификација на ацтечкиот јазик е врз основа на истражувањата на Уна Кангер и Јоланда Ластра. Според оваа класификација на Кангер, дијалектите се поделиле на централни и периферни и оваа класификација била поддржана од Јоланда. Секоја група споделува карактеристични граматички особини и според тоа се увидува заедничката историја. Дијалектите од Ла Уастека според Кангер се дел од централните говори, а според Јоланда се засебна група. Во прилог следува комбинирана класификација на Кангер, Јоланда и Лајл Кемпбел. Сите меѓу себе не се согласуваат во потполност.
јутоацтечки 5000 п.н.е.* ацтечки 2000 п.н.е. ( ацтечки) почутечки † брегот на Оашака ацтечки (со ацтечки) западнопериферни дијалекти од Дуранго, Мичоакан, западно Мексико и исчезнатите дијалекти од Колима и Најарит источнопериферни пипилскиот јазик и дијалектите од Сиера де Пуебла, јужен Веракрус и Табаско уастечки дијалекти од северна Пуебла, Хифалго, Сан Луис Потоси и северен Веракрус централни дијалекти од централна Пуебла, Тлашкала, централен Веракрус, Морелос, Мексико и Гереро
*Проценета поделба на развојните фази. </small>
Класификација
Во минатото, групата на ацтечки јазици од страна на јазичарите била нарекувана „ацтечки јазици“. Од 1990 година, алтернативниот поим „наватл“ бил во зачестена употреба и го заменила стариот поим, особено во шпанските изданија и публикации. Општо прифатена теорија е дека јутоацтечките јазици се поделени на две групи: ацтечки и почутечки јазици.Canger 1988:42–43; Dakin 1983:202; INALI 2008:63; Suárez 1983:149.
Ацтечките јазици ги опфаќаат ацтечкиот јазик и пипилскиот јазик." Поимот „наватлски јазици“ е создаден за да се опфатат сите ацтечки дијалекти, но не го опфаќа почутечкиот дијалект (Campbell & Langacker 1978)." Canger 2000:385 (Note 4) Почутечкиот јазик е слабо проучен јазик и истиот исчезнал во XX век. Според јазичарите Кемпбел и Лангакер, тој не е дел од ацтечките, а според други јазичари, тој е дел од западнопериферните ацтечки јазици.Canger & Dakin 1985:360, Dakin 2001:21–22
Поимот „ацтечки“ ги опфаќа модерните ацтечки дијалекти и класичниот ацтечки. Приклучувањето на пипилскиот во оваа група е контраверзно. Лајл Кемпбел го класифицира пипилскиот јазик како посебен од ацтечките јазици, но од друга страна Уна Кангер, Карен Дакин и Јоланда Ластра го приклучуваат јазикот во ацтечките јазици.Dakin 2001:21–22
Географска распространетост мини|300x300пкс|Карта на териториите во Мексико каде се зборува ацтечки јазик (во боја) и каде се зборувал во минатото (во проѕирна боја)Lastra de Suárez 1986; Fowler 1985. Денес, ацтечките дијалекти се зборуваат од раштркани ацтечки заедници кои се протегаат од северната мексиканска сојузна држава Дуранго до Веракрус на југ. Пипилскиот јазик, кој е познат и како наватски јазикCampbell 1985 и кој воедно е најјужен ацтечки јазик, се зборува во Ел Салвадор, од мал број на луѓе. Според Проектот за закрепнување на наватскиот јазик, нема веродостојни бројки за тоа колку луѓе го зборуваат јазикот. Бројот на вкупни говорители на наватскиот јазик се движи од „неколку стотини“ до „можеби неколку луѓе“.IRIN 2004
Според мексиканскиот попис од 2000 година, ацтечкиот јазик го говорат околу 1,45 милиони луѓе, од кои околу 198.000 (14,9%) се еднојазични.INEGI 2005:35. Поголемиот број еднојазични говорители се жени одошто мажи, па така, жените се две третини од вкупната бројка. Сојузните мексикански држави Гереро и Идалго го имаат најголемиот број еднојазични ацтечки говорители во однос на вкупното население кое зборува ацтечки. Во Гереро има 24,2% еднојазични ацтечки говорители, а во Идалго 22,6%. За останатите сојузни држави, процентот на еднојазични говорители се движи на помалку од 5%. Ова доведува до заклучок дека повеќе од 95% од Ацтеките во Мексико се двојазични. Според статистиките, не се зема предвид бројот на Ацтеките кои зборуваат друг староседелски јазик
Најголемата концентрација на луѓе кои зборуваат ацтечки јазик може да се најде во сојузните држави Пуебла, Веракрус, Идалго, Сан Луис Потоси и Гереро. Значителен број ацтечки говорители може да се најде и во сојузните држави Мексико, Морелос и Федералниот Округ. Мали заедници на ацтечки говорители може да се најдат и во Мичоакан и Дуранго. Ацтечкиот исчезнал во XX век во сојузните држави Халиско и Колима. Како резултат на внатрешната миграција во земјата, ацтечки заедници може да се пронајдат насекаде во Мексико. Значителни ацтечки мигранти се забележуваат и во САД, особено во Калифорнија, Њујорк, Тексас, Ново Мексико и Аризона.Flores Farfán 2002:229
Писмо
Ацтечкото писмо во претколумбовскиот период не било писмо во вистинската смисла на зборот, бидејќи со тоа писмо не можеле да се запишат сите зборови од говорниот јазик на начин како што ги запишувале Маите на пример. Така, ацтечкото писмо не било наменето за читање, туку за прекажување. Закониците кои се зачувани на староацтечко писмо се сликовити прикази со чија помош се запамтувале текстови, каде имало генеалогии, астрономски информации и слично. Три видови на знаци биле користени за ацтечкото писмо: слики наместо мнемоники, логограми кои претставувале цел збор наместо фонеми или слогови и логограми кои се користеле само за своите гласовни вредности (т.е. користени според принципот на ребусот).Lockhart 1992:327–329
Шпанците ја вовеле латиницата, која се користела за запишување на голем дел од ацтечката проза, поезија и документи од тоа време, како што се тестаменти, административни документи, законодавни писма итн. Во текот на децениите по воведувањето на латиницата, сликовитото писмо било заменето со латиницата.Lockhart 1992:330–335 Немало стандардизирана ацтечка латиница и немало консензус за тоа како да се претстават ацтечките гласови кои ги нема во шпанскиот.Canger 2002:200–204 Правописот кој најсоодветно ги претставува ацтечките фонеми бил развиен во XVII век од исусовецот Орасио Карочи. Правописот на Карочи имал два вида на акценти: макрон, кој се користел за долгите самогласки и надреден знак за прескокнување гласови или поретко и за означување акцент на кратка самогласка.Whorf et al. 1993:page# Овој правопис најмногу се користел во исусовски кругови.