Тома Николов Христов (Поп Тома) — македонски свештеник и револуционер, член и раководител на Македонската револуционерна организација.
Револуционерна дејност
По завршувањето на Солунската гимназија станува егзархиски учител. Во 1889 година во Цариград е ракоположен за ѓакон.
По создавањето на Организацијата влегува во нејзините редови и е близок соработник на Даме Груев, Пере Тошев, Анастас Лозанчев, Павел Христов, Борис Сарафов, Христо Матов и други. Во 1896 година е назначен за егзархиски архијерејски наместник во Дебар, потоа се населува во Битола, а во 1899 година станува архијерејски наместник во Кичево.
Во 1902 година, по убиството на неколку бегови во Кичевско, тој е осомничен и лежи во затворите во Кичево и Битола. По ослободувањето, истата година е пак осомничен за убиство на еден предавник и знаејќи што го очекува, ја напушта службата и оди во четата на Тома Давидов.
мини|лево|Христо Настев (1), Лука Џеров (2), Тома Николов (3) и Јордан Тренков (4) По смртта на овој војвода влегува во четата на Славејко Арсов која дејствува во Ресенско. Заедно со Васил Попов и Христо Сугарев (брат на Ѓорѓи Сугарев) се вратил во Кичевско.
Во 1903 година учествува на Смилевскиот конгрес како делегат од Кичево и добил задача да ги предаде на протоколите на Задграничното претставништво во Софија.
Во текот на Илинденското востание во странскиот печат биле објавени интервјуа со истакнати македонски дејци, а меѓу нив било и она на Поп Тома објавена во Daily News на 12 август 1903 година во која се истакнува:
По востанието заедно со Даме Груев се враќа во Македонија и се посветува на обновувањето на револуционерната мрежа. Во тој период дошло со засилување на Српското четничко движење и до грабнувањето на Даме Груев, во врска со тоа случување Поп Тома истакнал:
По Демихисарската афера во Битолско, поп Тома е пак во затвор и осуден на доживотен затвор, но по девет месеци e ослободeн од битолскиот затвор во екот на Младотурската револуција.
Подоцнежна дејност
По расколот во Организацијата станува делегат на Сојузот на бугарски уставни клубови во септември 1908 г. во Солун.
Потоа станал претседател на егзархиската црковно-просветна општина во Ениџе Вардар, а подоцна во декември 1909 година од страна на Бугарската егзархија е поставен за управник на Воденската епархија, каде го затекнале Балканските војни. мини|Прилеп, 1916: Панихида за загинатите војници од бугарската 8ма дивизија. генерал Климент Бојаџиев (прв од лево), командант на 1та бугарска армија, Тома Николов Христов (втор од лево), македонски свештеник и револуционер По избувнувањето на Втората балканска војна, поп Тома бил уапсен и затворен во Једи Куле во Солун. Откако бил ослободен заминал за Софија, а со започнувањето на Првата светска војна бил поставен за свештеник на Петтиот полк (подоцна 63-ти) при Единаесттата дивизија.
По војната работел како свештеник во црквата во Горна бања, во близина на Софија, а потоа во софиската црква св. Петка, а таму во 1934 година бил расчинет поради отслужување на панихида за член на ВМРО (Автономистичка) во екот на државниот удар. Умира во Софија во 1946 година.
Извори
Надворешни врски Тома Николов „Спомени од моето минато“ (на бугарски)
Категорија:Родени во 1863 година Категорија:Луѓе од Вранештица Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Македонски револуционери Категорија:Македонски свештеници Категорија:Македонски просветители Категорија:Отомански свештеници Категорија:Отомански просветители Категорија:Учесници во Илинденското востание Категорија:Дејци на Привременото претставништво на поранешната Внатрешна организација