Меган Денис Фокс (родена 16 мај 1986 г.) — американска глумица и манекенка. Таа ја започна нејзината глумечка кариера во 2001 г., со неколку помали телевизиски и филмски улоги, и имаше редовна улога во телевизиското шоу Хоуп и Фејт (Hope & Faith). Во 2004 г., таа дебитираше со улога во филмот Исповед на тинејџерска кралица на драмата (Confessions of a Teenage Drama Queen). Во 2007 г., ја играше улогата на Микаела Бејнс, љубовта на ликот што го глумел Шаја Лабаф, во мегапопуларниот филм Трансформери, со што се проби во светот на славните. Фокс повторно имала улога во продолжението на филмот Трансформери: Одмазда на паднатиот (Revenge of the Fallen), во 2009 г. Подоцна во 2009 г. играше главна улога во филмот Телото на Џенифер (Jennifer's Body), под името Џенифер, што беше епоним за филмот. Фокс исто така се смета за една од модерните женски секс симболи, и се има појавено во списанија како што се „Максим“, „Ролинг Стоун“ и „ЕфЕјџЕм“.

Ран живот Фокс е родена во Оук Риџ, Тенеси, и е ќерка на Глорија Дарлен и Френклин Томас Фокс. Таа тврдеше дека има ирско, француско и американско потекло. Таа беше одгледана строго пентекости, но потоа се запиша во католичко училиште каде што учеше 12 години. Нејзините родители се разведија кога таа беше мала. Нејзината мајка потоа се премажи, и Фокс и нејзината сестра беа одгледани од мајка им и нивниот очув Тони Тоначио. Таа имаше изјавено дека со сестра и биле одгледани многу строго и дека не и било дозволено да има дечко, ниту пак да покани пријатели дома. Таа живееше со нејзината мајка сè додека не заработи доволно пари за сама да се издржува.

На свои 5 години, таа започнува со обука за драма и танцување во Кингстон, Тенеси. Таа посетуваше часови по танцување во општинскиот центар таму, и беше вклучена во хорот на Кингстон основното училиште и во пливачката група Кингстон Клиперс („Kingston Clippers“). Таа продолжи со својата обука и по преселувањето во Санкт Петербург, Флорида, на свои 10 години. На 13 години, по освојување на неколку награди на Конвенцијата на американски модели и таленти во 1999 во Хилтон Хеад, Јужна Каролина, започнува да работи како модел. На 17 годишна возраст, таа го завршила школувањето со тестови преку допишување, со цел да се пресели во Лос Анџелес.

Фокс зборуваше опширно за времето кога се школувала; дека во средно училиште ја задевале и била малтретирана, и дека ручекот го јадела во тоалетот, за да не фрлаат по неа со кечап. Таа рече дека нејзиниот изглед не бил проблемот, туку тоа што секогаш подобро се сложувала со машките, и дека тоа ги иритирало некои луѓе. Фокс исто така кажа дека никогаш не била популарна во училиштето „Сите ме мразеа, и ме одбегнуваа, имав само машки другари, бев многу агресивна, и девојчињата не ме сакаа поради тоа. Имав само една другарка целиот мој живот“. Во истото интервју, споменува дека го мразела училиштето и вели „Не верував во формалното образование“ и „Образованието што го добивав беше неважно. Не ме интересираше училиштето и на некој начин се откажав од него“. Кариера На 16 години, во 2001 г., Фокс дебитираше во филмот Одмор на сонцето (Holiday in the Sun), како Бријана Валас — разгалена наследничка и соперничка на Алекс Стјуард (Ешли Олсен), којшто беше објавен дирекно на DVD на 20 ноември 2001 г. Во наредните години гостуваше во филмовите Што ми се допаѓа кај тебе („What I Like About You“), и Два и пол мажи (Two and a Half Men), исто така беше статист во Лоши момци 2 (Bad Boys II) во 2003 г. Во 2004 г. дебитираше во филмот Исповед на тинејџерска кралица на драмата (Confessions of a Teenage Drama Queen) во кој игра заедно со Линзи Лохан, и ја има споредната улога на Карла Сантини, соперник на Лола (Линзи). Фокс исто така имаше редовна улога во комичната серија на „ЕјБиСи“, Хоуп и Фејт (Hope & Faith), каде што ја играше улогата на Синди Шановски, заменувајќи ја Никол Паџи. Фокс се појави од 2-3 сезона, до откажувањето на шоуто во 2006 г.

Во 2007 г., Фокс ја доби главната женска улога на Микаела Банс во акциониот филм Трансформери (2007 г.), заснован на истоимената играчка и сага на цртан филм. Фокс ја глумеше саканата на Сем Витвицки, ликот што го глумеше Шија Лабаф. Фокс беше номинирана на „ЕмТиВи филмска награда“, во категоријата „Откритие на годината“, и исто така беше номинирана за три „Награди за тинејџерски избор “. Таа исто така глумеше во двете продолженија на Трансформери.

Повторно ја играше улогата на Микаела Банс во продолжението на Трансформер, Трансформери: Одмазда на паднатиот. За време на снимањето на продолжението на Трансформери, појавувањето на Фокс во филмот го следеа некои контраверзии, кога режисерот Мајкл Беј, и нареди на глумицата да се здебели 4.5 килограми. Филмот беше издаден ширум светот на 24 јуни 2009 г. Фокс требаше да глуми и во третиот дел на филмот, Трансформери: Темната страна на месечината (Transformers: Dark of the Moon), но тоа не се случи, поради нејзината изјава во која го споредувала работењето под палката на режисерот Беј, со работење за Хитлер. Нејзиниот партнер во филмот Шаја Лабаф изјави: „Да критикуваш е едно. Но јавното навредување преминува во детска расправија. А тоа не смееш да го правиш“. Беј ја измени неговата изјава со која ја поддржува Фокс, и во јуни даде изјава за „ЏиКју“ дека Фокс е отпуштена по наредба на извршниот продуцент Стивен Спилберг.

По завршувањето на франшизата на Трансформери, Фокс ја доби својата прва главна улога во филмот Телото на Џенифер, за истоимениот лик, напишан од оскаровскиот сценарист Диабло Коди.

Во април 2009 г., Фокс започна со снимањето на филмот Џона Хекс, во којшто го глумеше ликот на Лејла, како вооружена убавица и саканата на Џона Хекс ( Џош Бролин). Филмот беше издаден на 18 јуни 2010 г. Иако нејзиното име беше на врвот на рекламниот плакат за филмот, таа својата улога ја опиша како камео улога (кратко појавување на славна личност во филм). Поради лошата изведба, беше откажана меѓународната дистрибуција, и поради тоа Џона Хекс се сметаше за критички и комерцијален неуспех во САД. Филмот беше наречен „најлош филм на годината“ од страна на „Houston Film Critics Society“. Потоа Фокс глумеше заедно со Мики Рурк во Игра на страста (Passion Play). Поради лошиот прием на филмот на Филмскиот фестивал во Торонто, конвенционалната дистрибуција во театар беше заменета со дирекно објавување на видео, и филмот беше кратко прикажуван на само два екрани, колку да се исполнат договорните обврски. Мики Рурк забележа дека Игра на страста е „…ужасен. Уште еден ужасен филм“. Во 3Д документарниот филм Легенда за делфините (Na Nai'a Legend of the Dolphins), Фокс го позајми гласот на Хавајските „Spinner Dolphins“. Филсмата екипа се состои од: Кејт Винслет, Елен Пејџ, Џерард Батлер, Џејмс Франко, Џулијан Ленон, Диего Луна, Чич Марин, Вупи Голдберг, Изабела Роселини и Дарил Хана.

Во март 2009 г., „Варајати“ соопшти дека Фокс се јавува како копродуцент заедно со Брајан Остин Грин, и ја има главната улога како Аспен Метјуз, во филмот, којшто е адаптација на комичната книга „Фатом“ (Fathom). Фокс се појавува заедно со Доминик Монаган во спотот за песната „Love the Way You Lie“ на Еминем и Ријана. Во 2012 г. таа за кратко се појавува во комедијата на Саша Барон Коен, Диктаторот (The Dictator), и со споредна улога во комедијата на Џуд Апатоу, Ова се 40-тите (This Is 40). Таа го позајми гласот на Лоис Лејн во епизодата „Robot Chicken DC Comics Special“, една епизода на комичната телевизиска серија „Robot Chicken“, и се емитуваше еднократно на 9 септември 2012 г. кога се емитуваше „Adult Swim“ на „Картун Нетворк“. Во јануари 2013 г. Фокс се појави во реклама за пивото Брахма, на бразилска телевизија. Во февруари 2013 г. Фокс ги занемари разликите меѓу неа и нејзиниот поранешен директор Мајкл Беј, и беше потврдено дека таа ќе работи повторно со него во Нинџа Желки (Teenage Mutant Ninja Turtles). Имиџ Во едно интерјву за „Тајмс“, на темата да се биде пример за другите луѓе, Фокс изјави: „Зависи од тоа што подразбирате под пример за другите“, и продолжи „Ако вашата идеја за пример за другите е некојшто ќе им проповеда на вашите деца дека сексот пред брак е погрешен, и дека пцуењето е лошо, и дека жените треба да прават само некои одредени работи, тогаш јас не сум пример за другите. Но ако сакате вашите девојчиња да бидат силни и интелигентни, да бидат искрени и да се борат за тоа што сметаат дека е правилно, тогаш да, сакам да бидам таков пример“. Во истото интервју, Фокс зборува за тоа да се биде карактеризиран. „Како да ве карактеризираат? Како привлечна? Зар тоа е лошо?“ таа изјави дека не е лошо да ве карактеризираат на таков начин. Таа тоа го смета за ласкање, и смета дека предноста е тоа што може да ги изненади луѓето со нејзината добра изведба на некоја улога, бидејќи тие ќе очекуваат од неа само да биде привлечна. Таа покажа интерес да глуми и помалку сексуализирани ликови од ликот на Микаела Банс од серијата Трансформери. На прашањето како е да се биде популарна тема на медиумите, таа рече дека иако не е на исто ниво со Џенифер Анистон, Бритни Спирс, или Линзи Лохан, сепак и е тешко, и дека имало моменти кога луѓето избегнуваат да бидат во нејзина близина бидејќи не сакаат да бидат центар на медиумското внимание. Таа рече: „Морам да внимавам како се однесувам, за луѓето да ме сфатат сериозно“, и „Можеш да бидеш и секси и интелигентен и пак да те сфатат сериозно, а можеш и да бидеш секси и да излегуваш секоја вечер во клубови и да не те сфатат сериозно“, но дека таа „не е тотално полудена“. Фокс исто така коментира за тоа како преминала од „релативно непозната“ до популарна: „Дефинитивно се чувствувам неподготвена; знам дека никој не вели „Мислам дека сега е моментот да станам славна личност“, - но дефинитивно мислам дека е премногу рано. Односно, бев само во еден филм што луѓето го гледале“.