мини|десно|Амадео Клементе Модиљани (; – ) Амадео Клементе Модиљани (; – ) — италијански сликар и вајар кој најголемиот дел од животот го минал во Франција. Првенствено познат како „метафоричен/преносен уметник“, се прославил со уметнички дела и скулптури во модерен стил препознатливи по издолжените лица без емоции кои повеќе изгледаат како да носат маски. Починал во Париз од туберкулозен менингитис , како резултат на сиромаштија, премногу работа и зависност од алкохол и наркотици. Семејната слика и детството Модиљани е роден во еврејско семејство во Ливорно, Италија. Ливорно како пристаништен град долго време бил засолниште за оние кои биле протерани поради религиозни причини и истовремено бил дом на многу евреи. Неговиот пра-пра дедо, од страната на мајка му, Соломон Гарсин, како бегалец емигрирал во Ливорно,уште во 18 век. Мајката на Модиљани, Евгенија Гарсин, која се родила и пораснала во Марсеј, потекнувала од интелектуална и образована сефердско еврејска фамилија. Нивното семејство, генерации наназад живеело на Средоземното крајбрежје. Нејзините предци биле учени и образовани луѓе, говореле течно многу јазици,биле заштитници на светите еврејски текстови и основачи на училиштето за талмудски студии (од Талмуд – староеврејкси зборник на граѓански и церемонијални закони). Следејќи ја семејната легенда, лозата на Гарсинови честопати е поврзувана со холандскиот филозоф од 17 век, Барух Спиноза. Се претпоставува дека имале семеен бизнис, водејќи агенции за давање на кредит, со филијали во Ливорно, Марсеј, Тунис и Лондон. Финансиската состојба константно им се менувала. Некогаш уживалее во изобилство, некогаш пак се справувале со тешки финанскиски кризи. Таткото на Модиљани, Фламинио, потекнува од семејство на успешни стопанственици и претприемачи. Иако не биле обожувачи на интелекуалното, како Гарсинови, сепак одлично знаеле како да инвестираат за да придонесат до просперитет на деловните потфати. Поседувале рудници богати со вредни метали на териториите на Сардинија и Тоскана, а богатството го стекнале извозовајќи и увезувајќи руда. Фламинио бил млад и богат рударски инженер, кога Гарсинови и семејството Модиљани ја објавиле свршувачката на нивните деца. Управувал со рудниците во Сардинија и бил одговорен за речиси 30,000 хектари шума која семејството ја поседувало. Одлично се снаоѓал и во шумарството и во земјоделството. Среќата им го свртела грбот во 1883 година. Падот на цената на рудата ги довело Модиљанови до банкрот. Мајката на Фламинио, веднаш ги контактирала солцијалните служби, сакајќи да основа школа заедно со нејзините две сестри, и на тој начин да спаси дел од семејниот бизнис, надевајќи се подоцна школата да ја претвори во успешно претпријатие. Модиљани бил четврто дете во семејството. Се родил во периодот кога неговиот татко се соочувал со катастрофален финанскиски колапс. Неговото раѓање го спасило семејсството од пропаст. Имено, според древните закони, заемодавците немале право да запленат ништо што се наоѓа на креветот на бремена жена при породување. Токму кога чиновниците влегле во семејната куќа на Модиљани, Евгенија добила трудови. Семејството успеало да спаси дел од вредниот инвентар ставајќи го врз креветот на кој се пораѓала Евгенија. Модиљани бил доста близок со својата мајка, која го подучувала во сопствениот дом сè до неговата десетта година. Постојано се соочувал со здравствени проблеми. Кога имал 11 година боледувал од плевритис, а неколку години подоцна заболел и од стомачен тифус. На 16 годишна возраст заболел од туберкулоза која на некој начин го одбележува неговиот живот. Откако Модиљани се опоравил од плевритисот, неговата мајка го понела на патување низ јужна Италија и тоа Неапол, Капри, Рим и Амалфи, а потоа северно кон Фиренца и Венеција. Неговата мајка, на свој начин се обидувала да му ја наметне уметноста како професија, па кога Модиљани имал 11 години, таа во својот дневник запишала: „ Карактерот на ова дете сè уште не е оформен, па не можам да кажам што мислам околу тоа. Се однесува како разгалено дете, меѓутоа е доста интелигентен. Ќе мора да почекаме и да видиме што се крие во внатрешноста на овој кожурец. Можеби уметник ?“ Период на студии по уметност Познато е дека Модиљани започнал да црта и слика на рана восраст, па уште пред воопшто да го започне своето формално образование се гледал себеси како уметник, на оној начин на кој неговата мајка тоа го сакала. И покрај стравот дека запишувавањто на малиот Модиљани на курс по уметност, негативно ќе се одрази врз неговото останато образование, сепак неговата мајка не му го скратила тоа задоволство. Додека боледувал од тифусна треска, на само 14 години, бладајќи во делириум изразил желба, пред сè да ги види уметничките дела во Палацо Пити и Уфици во Фиренца.Поради фактот дека музејот во Ливорно располагал со многу мал дел на дела од овие ренесансни генијалци и со оглед на неговата здравствена состојба, Модиљани мислел дека никогаш нема да има шанса лично да ги види останатите нивни дела и одново да ги доживее сите приказни кои ги чул за нив. Неговата мајка му ветила дека лично ќе го одведе во Фиренца веднаш по неговото закрепнување. Подоцна, не само што го остварила своето ветување туку се потрудила и да го запише на ликовната школа на најдобриот сликарски мајстор Џулиемо Мишели.

Мишели и Макијоли Модиљани работел во уметничката школа на Мишели од 1898 година до 1900 година. Неговите први формални совети за уметноста ги стекнува во средина натрупана со стилови и теми од италијанската уметност од 19 век. Во неговите први дела кои ги насликал во Париз, се забележува ваквото италијанско влијание, траги од ренесансната уметност како и примеси од умметноста на Џовани Болдини и Тулис Лутрек. Модиљани покажал огромна заинтересираност и наклонетост за работата со Мишели, меѓутоа неговата здравствена состојба и заболувањето од туберкулоза го спречиле да продолжи со тоа. Во 1901 година, додека престојувал во Рим, Модиљани се восхитувал на работата и делата на Доменико Морели, сликар кој ги пренесувал на платно мелодраматичните библиски моменти од светската литература. Иронијата се крие во фактот што Модиљани се наоѓал под преголемо влијание на делата на Морели кој пак служел како инспирација за основање на група на иконоборци позната под името Макијоли (од „макија“ што значи капка боја или едноставно дамка) со чие постоење Модиљани бил веќе запознаен. Ова мало локално движење имало функција да се спротивставува на буржоаските стилови на академските сликари. Иако било поврзувано со француските импресионисти, ова движење не успеало да остави некое посебно влијание врз светската уметничка култура, барем не на оној начин на кој тоа го направиле современиците и следбениците на Моне, од кои повеќето се веќе одамна заборавени во Италија. Врската помеѓу Модиљани и ова движење била неговиот прв учител по уметност, Џулиемо Мишели. Тој не само што бил дел од „Макијоли“ туку бил и ученик на познатиот Џовани Фатори, кој го основал ова движење. Делата на Мишели биле толку модерни и на пати обични, што младиот Модиљани наместо да го следи тој стил, се спротивставил така што ја игнорирал опсесијата со пејзажи по што бил препознатлив францускиот импресионизам а воедно и ова движење. Мишели се обидел да ги охрабри неговите ученици да творат на отворено ( en plein air), меѓутоа Модиљани претпочитал да скицира по локалните кафулиња, на затворено, најмногу од времето минувајќи во своето студио. Дури и кога бил принуден да слика пејзажи (од кои само три се познати), Модиљани како прототип ја избирал кубистичката палета слична на Сезан, пред онаа на Мишели. Додека бил дел од школата на Мишели, Модиљани не учел само за сликање на пејзажи, туку и за начинот на сликање портрети, мртва природа и голи тела. Неговите соученици потврдувале дека токму школата на Мишели била местото каде Модиљани го усовршил својот огромен талент, меѓутоа очигледно еден тинејџер како што бил Модиљани сигурно не бил во потрага по којзнае какво образование, барем не на таа возраст. Слободното време, кога не цртал голи тела, Модиљани го посветувал на куќните помошнички, заведувајќи ги и флертувајќи. И поркај тоа што Модиљани не го следел слепо пристапот кон уметноста на Мишели сепак бил негов омилен ученик, кој честопати го ословувал со „Супермен“, сугерурајќи на тоа дека Модиљани не само што бил еден од најдобрите уметници во неговата школа, туку бил и исклучително посветен на литературата често цитирајќи извадоци од Ничевата „Така зборуваше Заратустра“ .Лично Фатори, неретко ја посетувал Мишелиовата школа фалејќи ги иновациите на младиот уметник. Во 1902 година, Модиљани продолжил да се надградува за она што требаше да претставува негова доживотна преокупација, запишувајќи се на „Академија ди Беле Арти“ ( „слободна школа за студии по уметност“) во Фиренца. Една година подоцна, додека сè уште боледувал од туберкулоза, се преселил во Венеција, за да се запише на Институтот „Ди беле Арти“. Токму во Венеција за првпат се среќава со хашишот и наместо да се школува, започнува да минува време по озлогласените делови на градот. Останува да биде предмет на претпоставка дали токму ваквиот начин на живот влијаел врз развивање на неговата уметност во онаков правец во каков што се развивала или сепак овој бурен период бил само резултат на тинејџерско бунтовништво, клишираниот хедонизам и боемство што е карактеристично за еден уметник од тоа време. Оваа индиферентна страна од карактерот веројатно се должи и на неговата опседнатост со радикалните филозофи, вклучувајќи го тука и Ниче. Литературни влијаниа врз уметноста на Модиљани Уште како дете Модиљани бил одблиску запознаен со филозофската литература благодарение на неговиот дедо, Исако Гарсин, кој ја всадил во него желбата за познавање на дела од таков калибар. Откако ја стекнал навиката за постојано да чита, продолжил да се интересира и за делата на познатите Ниче, Бодлер, Кардучи, Конт де Лотреамонт и многу други, доградувајќи го сопственото гледиште дека единствениот начин да се достигне ниво на креативност води преку пркос и безредие. Во писмото кое го напишал до својот пријател Оскар Чилиа, додека се одмарал во Капри сè повеќе е очигледно влијанието на Ниче врз неговата лична перцепција кон светот. Тој го советувал Чилиа на кој начин максимално да ја искористи својата интелегенција за време на креативен наплив. Влијанието на Лотреамонт било подеднакво препознатливо во делата на Модиљани. Поемата на овој кобен поет „The songs of Maldoror“ ( Les Chants de Maldoror ) станала дело кое го обележала перидот на надреализам во Париз, а Модиљани до толку го обожувал што успеал да го научи на памет. Поезијата на Лотреамонт се одликува со негирање и спротивставување на „фантастичните елементи“ и изобилува со садистички слики. Застрашувачки е фактот што Модиљани бил толку опседнат со овој вид на поезија што го дава одговорот од каде потекнува неговата бунтовна природа. Бодлер и Де Анунсио на сличен начин влијаеле врз младиот уметник, всадувајќи го во Модиљани восхитот кон изопачената убавина и нејзино проникнување со помош на симболичка метафора. Модиљани постојано му пишувал на неговиот пријател, Чилиа, од Капри каде што престојувал со неговата мајка која го однела таму за да се опорави од туберкулозата. Овие писма се жив доказ за тоа какви се идеи парадирале во главата на Модиљани. Чилиа седум години претставувал пример за Модиљани па поради тоа голема е веројатноста токму тој да е човекот кој му ги отворил хоризонтите и погледите за животот во Ливорно. Како и сите предвреме созреани тинејџери така и Модиљани поудобно се чувствувал во друштво на своите постари колеги отколку во друштво на негови врсници. Чилиа бил постојано присутен во периодот на адолесценција на Модиљани низ сите негови премрежја и препреки, а доказ за тоа се и писмата кои постојано си ги пишувале и кои се сочувани до ден денес. „Мој драг пријателе, Ти пишувам како би се отворил кон тебе а притоа да си го потврдам фактот дека јас навистина постојам.