The System Has Failed е десеттиот студиски албум на треш метал бендот Megadeth. Издаден бил во септември 2004 и воедно е последниот албум издаден под продуцентската куќа Сануктари Рекордс. Ова бил првиот од трите албуми на кои не настапил долгогодишниот басист Дејвид Елефсон. Во овој период бендот немал постојан состав, па така албумот го снимил само Мастејн во соработка со тројца сесиски музичари. Еден од тие музичари бил и поранешниот член Крис Поланд.
Критиката позитивно го оценила албумот, па дури и го нарекла „враќање во форма“ на бендот. Од овој материјал биле промовирани два сингла со видео записи, и тоа „Die Dead Enough“ и „Of Mice and Men“. Неговиот наслов (во превод „системот пропадна“) се однесува на американскиот општествен систем и западната цивилизација, чии недостатоци Мастејн особено ги критикува во песните. На омотот се прикажани американскиот претседател Џорџ Буш и неговата администрација како чекаат во ред да си ги откупат гревовите од Вик Ретлхед.
Список на песни Сите песни се напишани и компонирани од Дејв Мастејн.
Наводи
Категорија:Албуми на Megadeth Категорија:Албуми од 2004