Карпестата уметност во Македонија почнала да се создава пред повеќе од 15 000 години. Оваа уметност ја создавале праисториските луѓе кои ја населувале територијата на Македонија пред повеќе милениуми.
Неодамна е откриен 100 000-от карпест гравир на територијата на Република Македонија. Се претпоставува дека на територијата на денешна Македонија има над еден милион карпести гравири. Според Светската федерација за карпеста уметност Македонија е светски водач на полето на истражувањето на карпестата уметност. Според д-р Душко Алексовски, Македонија е резерват на карпеста уметност.
Во непосредна близина на с. Скочивир, Мариово (Моштенски крај) е пронајден Скочивирскиот натпис. Натписот е на средновековен грчки јазик и според почетната инвокација може да се смести помеѓу 14 и 16 век, но со елементи кои го ставаат и во 17-18 век со оглед на ортографијата.
Истражувањата на карпестата уметност во Македонија се битни за правилното дефинирање на културното, историското и јазичното наследство на светската цивилизација.
Надворешни извори Македонски национален центар за истражување на камената уметност
Карпеста