мини|200п|десно|Дизајнот на корицата Авгански дневници е книга од Ана Пејчинова, издадена во едицијата „Блог-записи“. Едицијата е составена од 14 книги на независни автори - блогери на издавачката куќа „Аквариус пет“.Метаморфозис, фондација за одржливи информатички решенија - 14 македонски блогера промовираа печатени книги, 28 март 2008. [Страницата е посетена на 17 јули 2008]

Авторката Ана Пејчинова е родена 1973 година во Скопје. Работела во Авганистан во мисиите на ООН и УСАИД и оттаму произлегуваат записите за Авганистан, сместени меѓу кориците на книгата, а кои првобитно се објавени на блог.Ана Пејчинова - лична страница. [Страницата е посетена на 17 јули 2008] „Кога првпат ги видов одблиску пустините на Авганистан, ми ги зедоа очите. Непрегледни, цврсти... празни. Толку празни, што нивната празнина биеше во очи помоќно од секакво присуство“ - вели Пејчинова. Afghan Journals - блогот на Пејчинова. [Страницата е посетена на 17 јули 2008]

Наводи

Блогот на Ана Пејчинова - блог од кој се вклучени постовите во книгата

Категорија:Издание Блог-записи