Летните олимписки игри - 1968 или 19-тите Летни олимписки игри се одржале во градот Мексико, Мексико. Градот бил избран за домаќин на 18 октомври 1963 година на 60-тата сесија на МОК во Баден- Баден. Останати кадндидати биле Детроит, Лион и Буенос Аирес. Игрите се одржале само 10 дена по масакрот Тлателоко во којшто на 2 октомври 1968 биле убиени стотици студенти од страна на тајните службени сили.

Резултати од гласањето за избор на град-домаќин на Летните олимписки игри - 1968 Град ЗемјаПрв кругМексико 20px Мексико30Детроит 20px САД14Лион 20px Франција12Буенос Аирес 20px Аргентина2

Ретроспектива Големата надморска висина на Мексико (2240m) ги отежнала условите за настап на игрите, а на многу спортисти им била потребна поголема адаптација. Но, сепак големата надморска висина овозможила полесно да се постигнат неколку рекорди, особено во скокачките дисциплини. За првпат на Олимписките игри спортистите од Источна и Западна Германија настаплие одделно за двете земји. Фрлачот на диск Ал Ертер го освоил својот четврти златен медал на четвртите Олимписки игри. Боб Бимон поставил нов светски рекорд во скок во далечина со фантастични 8.90m. Овој резултат бил за 55 cm подобар од рекордот стар една година чиј сопственик бил Игор Тер- Ованесјан. Резултатот 8.90m бил светски рекорд сè до историското финале на Светското првенство во атлетика - 1991 одржано во Токио каде што Мајк Пауел станал светски рекордер прескокнувајќи 8.95m. Во трискок светскиот рекорд бил подобруван дури 5 пати од тројца различни атлетичари. Дик Фосбари освоил златен медал во скок во височина употребувајќи го својот препознатлив стил кој по неговото име ќе стане доминантен во оваа дисциплина. На свечената веремонија на доделување на медалите на најдобрите натрпреварувачи во атлетската трка на 200m во машка конкуренција, американските натпреварувачи Томи Смит (злато) и Џон Карлос (бронза), и двајцата црномурести, ги подигнале своите глави во знак на доминација на црната раса по што и двајцата биле доживотно дисквалификувани од страна на Меѓунардониот олимписки комитет. По освојувањето на златниот медлал во бокс во супертешка категорија, Џорџ Форман, кружел околу рингот со мало американско знаменце и се поклонил неколкупати пред публиката. Гимнастичарката Вера Чаславска од Чехословачка освоила 4 златни медали. Чарлс Хикокс освоил 3 златни медали во пливање, а Деби Меер станал првиот пливач којшто победил на 200, 400 и на 800m слободен стил. За првпат на Олимписките игри биле воведени допинг-тестовите. Шведскиот натпреварувач во современ петобој Ханс Гунар Лиљенвал бил дисквалификуван поради козумирање на алкохол. Џон Стивен Аквари од Танзанија станал популарен по тоа што завршил последен на маратонот поради повреда на коленото. Ова се првите од трите Летни олимписки игри на кои се натпреварувал Жак Рог, подоцна осмиот претседател на МОК. Мексиканската спортистката Норма Ерикето Базилио де Сотело станала првата жена којашто го запалила Олимпискиот оган. Ова биле првите Олимписки игри на кои африканските спортисти ја покажале својата доминација на средните и долгите атлетски патеки. Тие ги освоиле златните медали во сите дисциплини од 800m до маратонот. Ваквиот успех, африканските натпреварувачи го постигнуваат и денес.

Спортови

Атлетика Кошарка Бокс Кано Велосипедизам Скокови во вода Коњички спортови Мечување Фудбал Гимнастика Хокеј на трева Современ петобој Веслање Едрење Стрелаштво Пливање Одбојка Ватерполо Подигање тегови Борење

Демонстративни спортови

Баскиска пелота Тенис

Земји-учеснички

thumb|240px|Со сина боја се обележани земјите коишто дебитираат на Олимписките игри На игрите за првпат настапиле спортисти од повеќе од 100 земји (112). Спортистите од Источна и Западна германија настапиле одвоено за своие земји.

Авганистан Алжир Аргентина Австралија Австрија Бахами Барбадос Белгија Бермуда Боливија Бразил Британски Хондурас Бугарија Бурма Камерун Канада Централноафриканска Република Цејлон Чад Чиле Колумбија Демократска Република Конго Костарика Брег на Слоновата Коска Куба Чехословачка Данска Доминиканска Република Еквадор Египет Ел Салвадор Етиопија Фиџи Финска Франција Источна Германија Западна Германија Гана Велика Британија Грција Гватемала Гвинеја Гвајана Хондурас Хонгконг Унгарија Исланд Индија Индонезија Иран Ирак Ирска Израел Италија Јамајка Јапонија Кенија Кореја Кувајт Либан Либерија Лихтенштајн Луксембург Мадагаскар Малезија Мали Малта Мексико Монако Монголија Мароко Холандија Холандски Антили Нов Зеланд Никарагва Нигер Нигерија Норвешка Пакистан Панама Парагвај Перу Филипини Полска Португалија Порторико Романија Сан Марино Сенегал Сиера Леоне Сингапур Советски Сојуз Шпанија Судан Суринам Шведска Швајцарија Сирија Тајван Танзанија Тајланд Тринидад и Тобаго Тунис Турција Уганда САД Уругвај Венецуела Виетнам Девствени Острови СФРЈ Замбија

Освојувачи на медали

1 20px САД 4528341072 20px СССР 293230913 20px Јапонија 1177254 20px Унгарија 101012325 20px Источна Германија 997256 20px Франција 735157 20px Чехословачка 724138 20px Западна Германија 51110269 20px Австралија 5751710 20px Велика Британија 55313

Надворешни врски

IOC Site on 1968 Summer Olympics Result of the 1968 Summer Olympics host city candidacies An article on the American Sprinters Controversy