Островот Ман (англиски: Isle of Man; мански: Ellan Vannin) — самоуправна територија на Британската Круна која се наоѓа во Ирското Море. На чело на државата е кралот Чарлс III, со титула Лорд од Ман. Островот бил келтска заедница од 1079 година. По низа промени на власта помеѓу кралевите на Англија и Шкотска, Ман потпаднал под феудална власт на англиската круна. Лордовството било приклучено кон Британската круна во 1764. година, но никогаш не станало британска територија, туку останало самоуправна јурисдикција.

Островот не е членка на Европската Унија, но има некои врски кои се однесуваат на слободниот проток на стоки.

Островот Ман е таканаречена економија на ниски даноци, нема данок на приходи од капитал, данок на богатство, ниту данок на наследство, а највисоката стапка на персонален данок изнесува 18%. Данокот на добивка за фирмите исто така е во најголемиот број случаи 0%.

Поради ова, многу компании имаат свои оф-шор канцеларии на Ман, и тоа е главниот економски сегмент. Покрај тоа, присутни се и традиционалните економски дејности - рибарство, туризам и земјоделство. Владата на Ман го промовира островот како погодно одредиште за снимање на филмови, и од 1995 до денес (2008) се снимени над 80 филма.

Надворешни врски

isleofman.com Страница на Островот Ман. Водич за Островот Ман. Влада на Ман. Факти за Островот Ман од ЦИА. Фото-албум од Ман 360° слики од Ман. Над 1300 фотографии од Ман.

Наводи

Категорија:Крунски поседи Категорија:Обединето Кралство Категорија:Зависни територии во Европа Категорија:Поранешни колонии на Норвешка Категорија:Островски земји