Ефтим Клетников (роден во с. Негрево, 1946 год.) — македонски поет, книжевен и ликовен критичар, есеист и преведувач. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Имал студиски престој во Париз (1979/80) како стипендист на француската влада.

Книжевно творештво

Поезија: Модер вир, Зраци и самраци, Окото на Темниот, Песни за Огнен, Икра и крило, Гласови, Триок, Магновенија, Маж и жена со лице спроти ѕвездите, Прасјај, Троја.

Поезија за деца: Кула со златно ѕвоно,Златна рипка, Море во сонот, 88 песни за месечината, Сончеви песни.

Есеи и критика: Орион, Јатка, Во потрага по целината.

Има подготвено неколку антологии на македонската поезија.

Препејувал од руски, француски, словенечки, српски, хрватски, словачки јазик.

Добитник е на повеќе книжевни награди. Неговата поезија е застапена во голем број антологии и преведена е на неколку јазици.

Категорија:Луѓе од Негрево Категорија:Македонски поети Категорија:Македонски книжевни критичари Категорија:Југословенски поети Категорија:Југословенски книжевни критичари Категорија:Македонски преведувачи Категорија:Југословенски преведувачи Категорија:Добитници на наградата „Книжевен жезол“ Категорија:Добитници на наградата „Браќа Миладиновци“ Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје