Настани Настани во Македонија
Настани во светот Лавот изумрел на подрачјето на Египет. 1791 — завршилае Дубичката војна, последната голема војна меѓу Хабсбуршката Монархија и Османлиското Царство. 1791 — започнала Хаиќанската револуција. 1792 — францускиот пронаоѓач Клуд Шап () ја демонстрирал работата на првиот успешен оптички телеграф. 1793 — убиен Жан Пол Мара (), еден од водачите на Француската револуција. 1793 — Горна Канада го забранила ропството. 1794 — погубен Жорж Жак Дантон (), еден од водачите на Француската револуција. 1794 — погубен Максимилијан Робеспјер, еден од водачите на Француската револуција. 1796 — Британците ја освоиле холандската колонија Цејлон. 1797 — пад на Венецијанската Република. 1798 — започнал Египетската експедиција, Наполеонов поход на Египет, кој пропаднал после година дена. 1799 — завршена Француската револуција со државен удар кој го спровел Наполеон Бонапарт на 9 ноември.
Личности Личности од Македонија Починати мини|На 11 септември 1794 година во Солун починал македонскиот светец Свети Анастасиј Радовишки 1794 — починат Свети Анастасиј Радовишки, македонски христијански светец - новомаченик. 1795 — почината Злата Мегленска, светителка - маченичка од времето на турското владеење во Македонија.
Личности од светот Родени 1790 — роден Антим VI Цариградски, вселенски патријарх во три периоди од 1845 до 1848 година, од 1853 до 1855 година и од 1871 до 1873 година. 1790 — роден Герман IV Цариградски, вселенски патријарх во два наврати, од 1842 до 1845 година и од 1852 сè до неговата смрт во 1853 година. 1790 — роден Јакоб Филип Фалмераер, тиролски патник, новинар, истражувач и историчар. 1790 — роден Алфонс де Ламартин, француски поет и академик. 1790 — роден Август Фердинанд Мебиус, германски математичар и астрономски теоретичар. 1790 — роден Ференц Келчеи, унгарски поет, критичар и оратор. 1790 — роден Жан Франсоа Шамполион, француски научник, филолог и ориенталист. 1791 — роден Франческо Ајец, италијански сликар од периодот на романтизмот. 1791 — роден Теодор Жерико, француски сликар и графичар. 1791 — роден Семјуел Морз, американски уметник и пронаоѓач познат по своите два најзначајни патенти - електричниот телеграф и Морзеовата азбука. 1791 — роден Мајкл Фарадеј, англиски физичар и хемичар, познат претежно по откритијата и придонесите во областа на електромагнетизмот и електрохемијата. 1792 — роден Алфонс де Ламартин, француски поет и академик. 1792 — роден Густав Шваб, германски писател и издавач. 1792 — роден Гаспар Гистав Кориолис, француски математичар и инженер. 1792 — роден Николај Лобачевски, руски математичар. 1792 — роден папата Пиј IX, римски папа од 16 јуни 1846 до 1 јуни 1878. 1792 — роден Џон Хершел, англиски математичар, астроном, хемичар и пронаоѓач. 1792 — роден Перси Биш Шели, англиски романтичарски поет. 1793 — роден Џејмс Данлоп, шкотски астроном. 1793 — роден Јан Колар, словачки политичар, поет, писател, идеолог на словачката народна преродба и претставник на чешката народна преродба, јазичар, археолог, евангелистички свештеник и главен идеолог на панславизмот. 1794 — роден Жак-Франсоа Ансело, француски драматург и писател. 1794 — роден Вилијам Кулен Брајант, американски поет. 1795 — роден Чарлс Бери, англиски архитект. 1795 — роден Томас Карлајл, шкотски филозоф, сатиричар, есеист, историчар и просветен работник. 1795 — роден Павел Јозеф Шафарик, словачки и чешки филолог и етнограф. 1795 — роден Франческо Маноел да Силва, бразилски композитор. 1796 — роден Ирене-Жил Бјенеме, француски математичар и статистичар. 1796 — роден Жан Гаспар Дебиро, бохемиско-француски пантомимичар. 1796 — роден Николај I, император на Русија и кнез на Финска во периодот од 1825 до 1855 и цар на Полска од 1825 до 1831 година. 1796 — роден Џим Боуви, американски војник. 1797 — роден Алфред де Вињи, гроф Де Вињи, француски поет и водач на францускиот романтизам. 1797 — роден Вилхелм I, цар на Германија и крал на Прусија. 1797 — роден Фердинанд Врангел, барон, руски морепловец, поларен истражувач, адмирал, почесен член на Руската академија на науките во Санкт Петербург во (1855) и еден од основачите на Руското географско друштво. 1797 — роден Бартелми Шарл Жозеф Димортје, барон Димортје, белгиски политичар и ботаничар. 1797 — роден Гаетано Доницети, италијански оперски композитор. 1797 — родена Мануела Саенс, револуционерен херој на Јужна Америка. 1797 — роден сер Чарлс Лајл, шкотски адвокат и геолог. 1797 — родена Соџернер Трут, американска аболистка, говорник и борец за човековите права и женските човекови права. 1797 — роден Хајнрих Хајне, германски поет, новинар, есеист и книжевен критичар. 1797 — роден Џозеф Хенри, американски физичар. 1797 — родена Мери Шели, британска писателка на романи, приказни, драми, есеи, биографии и патописка. 1797 — роден Франц Шуберт, австриски композитор. 1798 — роден Григориј VI Цариградски, вселенски патријарх во два наврати во периодот од 1835 до 1840 година и од 1867 до 1871 година. 1798 — роден Ежен Делакроа, француски ликовен уметник, кој извршил огромно влијание врз романтичарското движење во Европа. 1798 — роден Софрониј III Цариградски, вселенски патријарх од 1863 до 1866 година. 1798 — роден Џакомо Леопарди, италијански поет и писател. 1798 — роден Филарет Шал, француски писател и новинар. 1799 — роден Александар Сергеевич Пушкин, руски писател кој се смета за најголемиот руски поет, основоположник на рускиот литературен јазик и основач на модерната руска литература. 1799 — роден Оноре де Балзак, француски писател. 1799 — родена Мери Енинг, англиски палеонтолог.
Починати 1790 — починат Јосиф II, владетел од Хабсбуршката династија како цар на Светото Римско Царство и надвојвода на Австрија (1765-1790), крал на Хрватска, крал на Бохемија и крал на Унгарија (1780–1790). 1790 — починат Адам Смит, британски политички економист и филозоф. 1790 — починат Бенџамин Френклин, американски државник, филозоф, физичар, економист и писател. 1791 — починат Калиник IV Цариградски, вселенски патријарх во период од неколку месеци во 1757 година и познат писател и учител. 1791 — починат Волфганг Амадеус Моцарт, австриски композитор. 1791 — починат Оноре Габриел Мирабо, француски политичар и државник. 1792 — починат Џошуа Рејнолдс, англиски сликар. 1793 — починат Карло Голдони, италијански комедиограф. 1793 — почината Олимпија де Гуж, француска писателка и политички активист. 1793 — починат Жан Пол Мара, медицински доктор, физичар, истражувачки научник за топлина, светлина и електрицитет, политички теоретичар, книжевник и полиглот, а најдобро познат по својата кариера во Франција како радикален новинар и политичар за време на Француската буржоаска револуција. 1793 — починат Јоаникиј III Цариградски, пеќски архиепископ и српски патријарх во периодот од 1739 до 1746 година и вселенски патријарх од 1761 до 1763 година. 1794 — починат Антоан Лавоазје, француски научник и математичар. 1794 — починат Жорж Дантон, француски револуционер. 1794 — починат Андре Шенје, француски поет. 1794 — починат Елизабета Француска, сестра на кралевите Луј XVI, Луј XVIII и на Шарл X. 1795 — починат Франсоа-Андре Даникан Филидор, француски шахист и музички композитор. 1795 — починат Џејмс Босвел, шкотски биограф. 1796 — починат Роберт Бернс, шкотски поет. 1796 — почината Катерина II Велика, царица на Русија во периодот од 1762 година до 1796. 1797 — починат Едмунд Берк, ирско-британски државник. 1797 — починат Џејмс Хатон, шкотски природонаучник, геолог, физичар и хемичар. 1798 — починат Лујџи Галвани, италијански физичар. 1799 — починат Џорџ Вашингтон, првиот американски претседател од 1789 до 1797. 1799 — почината Марија Гаетана Ањези, италијанска математичарка, јазичар и филозоф. 1799 — починат папата Пиј VI, римски папа од 15 февруари 1775 до 29 август 1799.
Откритија
...
Категорија:18 век Категорија:1790-ти