За други значења на зборот Акре, видете: Акре (разјаснување)
Акре (Acre (In Brazilian Portuguese. The European Portuguese pronunciation is .)) е држава во Бразил, сместена во северозападниот дел од земјата. на север се граничи со Амазони, на исток со Рондонија, на југ со Боливија и на запад со Перу.
Географија Акре претежно е покриена со Амазонска дождовна шума. Реката Акре тече по јужната граница на државата, формирајќи ја границата со Боливија.
Клима Екваторска клима владее до државава, нема сува сезона – преку сите месеци има силна врнежливост, околу 60 милиметри. Тропска дождовна шума е основната вегетативност. Тропска дождовна шума е природната вегетација во екваторските региони. thumb|left|Црн кајман. Најголемиот регистриран црн кајман 7,7 метри со тежина 1310 кг, Акре 1965-та.
Историја
thumb|right|Рио Бранко наутро. thumb|right|Панорама на Рио Бранко. Територијата била предадена на Боливија со Ајакучо Договорот. Во 1899-1900, шпанскиот новинар и поранешен дипломат Луиз Галвез Родригес де Ариа предводел експедиција за да ја стави територијата на денешен Акре под контрола. Експедицијата била тајно финансирана од страна на владата на Амазони со цел Акре да биде инкорпорирана во Бразил после прогласувањето на независност од Боливија. Галвез се прогласил себеси за прв претседател на Република Акре на 14 јули 1899та. Републиката опстоила до март 1900, кога Боливиската влада испратила трупи со цел да го уапсат Галвез и да ја вратат Акре. Галвез бил депортиран во Шпанија а населението на Акре се нашло помеѓу Боливија и Бразил. И покрај вториот обид за прогласување на Република (Ноември 1900 - Декември 24, 1900), Акре останала дел од Боливија сè до 1903-та.
По вториот неуспешен обид за отцепување од Боливија, ветеран од Јужна Рио Гранџе, кој се борел во федералистичката револуција 1893, Жозе Пласидо де Кастро, бил побаран од Акреанските револуционери со цел да биде водач на противболивиското движење. Тој ја реорганизирал револуционерната армија, која достигнала 30,000 души.
Акреанската армија добивала битка по битка и на 27 јануари 1907, Хосе Пласидо де Кастро ја прогласил третата Република Акре. Претседателот на Бразил Франциско де Паула Родригес Алвес, пратил трупи во Акре со цел да го свалат Пласидо од Власт. Преку преговори било стигнато до решение. Договорот од Петрополис, потпипан на 11 ноември 1903, му ја дал Акре на Бразил во размена на земји од Мато Грошо, и два милиони фунти за Боливија. после 40 г. бразилците претставуваат 99% од Акре. 24 февруари 1904та и официјално е прогласена за федерална територија, и федерална држава во 1962-ра.
Демографија left|thumb|Рио Бранко напладне. Според БИГС 2007, населението брои 664,000. Со густина на населеност 4.5 ж./км2.
Урбанизација: 69.6% (2006); Прираст: 3.3% (1991-2000); Домаќинства: 162,000 (2006).Извор: PNAD.
Структура: 441,000 Пардо (66.5%), 172,000 Бели (26.0%), 45,000 црнци (6.8%), 4,000 Азијати или Домородци (0.7%).
Стопанство thumb|right|Плоштад Revolução (на револуцијата) во Рио Бранко. Секторот за услуги зазема најголем дел од БДП со 66%, следен од индустрискиот сектор со 28.1%. Аграрот претставува 15.9%, од БДП (2004). Акре извезува: дрво 85.6%, месо или пилиња и дива гуска 4.7%, дрвени производи 1.7% (2002).
Удел во Бразилската економија: 0.2% (2005).
Образование
Португалскиот е службен. Но Англиски и Шпански се дел од официјалниот образовен систем. Образовни институции Федерален Универзитет Акре (Ufac) Институт за Едукација, науки и технологија Вале до Журија
Инфраструктура Меѓународен аеродром Рио Бранко thumb|Меѓународен аеродром Рио Бранко. Меѓународен аеродром Рио Бранко е сместен во руралниот дел на општината Рио Бранко.
Крусејро до Сул Меѓународен аеродром Крусејро до Сул е сместен на 18 километри од истоимениот град.
Автопати BR-364 (Рио Бранко - Рондонија); BR-317 (Рио Бранко - југ); AC-040 (Рио Бранко - Пласидо де Кастро); AC-401 (Пласидо де Кастро - Акреландија); AC-010 (Рио Бранко - Порто Акре).
Белешки
Поврзано
Бразил OОфицијална страница Бразилски туристички портал
Категорија:Сојузни држави во Бразил
Категорија:Држави и територии настанати во 1962 година