Сен Дени (фр. Saint-Denis) — префектура (главен град) на францускиот прекуморски регион и департман Реинион, во Индискиот Океан. Се наоѓа на најсеверната точка на островот, близу устието на реката Сен Дени.
Сен Дени е најнаселената општина во француските прекуморски департмани. Според пописот во 1999 г., градското подрачје броело 158.139 жители, од кое 131.557 во самиот град, а останатите во блиската општина Сент-Мари.
Историја left|thumb|Поранешното градско собрание и „Столбот на победата“ Сен Дени го основал Етјен Рењо во 1669, а во 1738 станува главен град на Сен Дени.
Сообраќај Најблискиот аеродром е Ролан Гарос кој воедно е главниот меѓународен аеродром на Реинион. Започнувајќи со 2008, во местото се гради посебен трамвајски воз кој ќе го поврзува градот со аеродромот, како и со блиското место Сен-Пол.
Збратимени градови 20px Мец (Франција) 20px Ница (Франција) Тангер, Мароко Charleroi (Белгија) Taiyuan, Кина, од 2012
Атракции Музеј на Леон Дјеркс (Musée Léon Dierx) - уметничка галерија и музеј Државни градини (Jardin de l'Etat) - јавни градини - во нив има и природонаучен музеј) Ле Баршоа (Le Barachois) - крајбрежен парк Пишана Карпа (La Roche Écrite) - 15 km јужно од градот. Планински врв над Сен Дени кој овозможува мошне импресивен поглед врз градот.
Хотели Меѓу меѓународните хотели во Сен Дени се вбројуваат: Mercure Creolia Hotel, Austral Hotel и Best Western.
Занимливости Виетнамскиот принц Бао Ванг, син на царот Дуј Тан е роден и живее во Сен Дени со семејството.
Надворешни врски
Портал на Сен Дени
Категорија:Општини на Реинион Категорија:Префектури во Франција Категорија:Градови на Реинион Категорија:Главни градови во Африка Категорија:Населени места основани во 1669 година